19 Мај, 2024
0.0326

Илија Димовски: Предлог-мерката на Филипче неуставна, полиција не може да влезе во вашиот дом ниту со налог на обвинител

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Поранешниот пратеник Илија Димовски реагира на најавите на министерот за здравство, Венко Филипче, кој на вчерашната прес конференција истакна дека Комисијата за заразни болести до Владата како една од мерките за заштита од корона вирусот ќе предложи да биде забрана за масовни собирања во домовите, односно едно семејство да може да прими најмногу четворица гости.

За поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ ова е неуставна мерка, иако ова не значи дека полицијата своеволно ќе упаѓа во домовите, туку ќе постапува по пријава од соседи или некое друго засегнато лице.

„Совет до граѓаните: Според Уставот на Република Македонија, член 26, полицијата може да влезе во вашиот дом САМО И САМО со одлука на СУД... Никако влезот не смее да биде само со налог на Јавен обвинител, тоа е неуставно. П.С. Време е да се почитува Уставот, секако оваа власт и насилно обвинителство скапо ќе ја чини државата со оштети во следниот период“, напиша Димовски на Фејсбук.

Овој предлог е еден од трите кои вчера како можност ги најави Филипче како реакција на се поголемиот број на позитивни случаи на Ковид-19, а останува да се почека дали Владата ќе ја прифати предложената мерка.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража