Или карантин или бегалски камп - Германија со строги мерки
Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Јануари, 2021
Во Германија на сила се строги правила за борба против коронавирусот.
Германците што одбиваат карантин откако биле изложени на коронавирусот ќе бидат задржани во „притворски центри“ според новите правила на регионалните власти. Саксонија ги потврди плановите за задржување на карантинските бунтовници во оградениот дел од бегалскиот камп, што треба да биде изграден следната недела.н Регионалната држава тврди дека објектот ќе се користи само за луѓе кои постојано ги прекршиле правилата во врска со самоизолацијата. Баден-Виртемберг во југозападна Германија ќе употреби две болнички соби за да ги приведе повторувачите, кои ќе ги чува полицијата. Во Бранденбург, властите ќе чуваат дел од центарот за бегалци, додека Шлезвиг-Холштајн ќе ја користи областа во затворот за малолетници.
Во Германија од коронавирусот починаа над 47.000 луѓе.