19 Мај, 2024
0.0320

Иако е во стечај, ФЕНИ Индустри најавува повеќе од 30 нови вработувања

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Од ФЕНИ Индустри информираат дека заради потребите на  ГСОЛ/ Еуроникел, комбинатот ги проширува своите капацитети што наметнува потреба од зголемување на бројот на вработени и дополнителен ангажман на работна сила, односно вработување на повеќе од 30 лица. Се бараат инженери, електричари, механичари, ракувачи на градежни машини, оператори, техничари и други струки.

Откако ГСОЛ/ЕуроНикел го рестартираше производството во ФЕНИ Индустри, сите вработени ги задржаа своите работни места и започна континуирано да бележи подобрување на општата состојба и позитивни промени.

„Отворањето нови работни места е уште еден во низата силни и фактички показатели дека ФЕНИ е на пат повторно да го стекне својот статус на голем капацитет за производство на фероникел. Вложивме многу и инвестиравме за да дојдеме до овие резултати, а сето досегашно направено и постигнато е само преодна фаза. Со планот за реорганизација предвидени се крупни инвестиции кои ќе дадат дополнителен поттик на производниот процес и уште повеќе ќе ја осигураат иднината за комбинатот и ќе ги задоволат очекувањата на вработените и на целокупната заедница“,  изјави Герасим Кујунџиев, директор на ЕуроНикел.

Во соопштението се истакнува дека Комбинатот е во полн производен капацитет со една производна линија, извозот континуирано расте, на вработените редовно им се исплаќа плата која што во просек изнесува 29.000 денари, а најавуваат и дополнително зголемување. Вработените се надеваат на што побрзо комплетирање на стечајната постапка, за што јасно го искажаа својот став на последното судско рочиште и влегување во новата светла фаза која му претстои на ФЕНИ.

ГСОЛ/ ЕуроНикел инвестираше повеќе од 60 милиони евра и со откупување на побарувањата стана најголем доверител во кавадаречката компанија, а инвестираше и дополнителни 20 милиони евра за рестарт на компанијата. Нивните интереси се поткрепени и со планот за реорганизација според кој во следниот период планирана е дополнителна инвестиција од 15 до 20 милиони евра во реконструкција на втората печка, а нејзиното рестартирање ќе ги зголеми производствените капацитети и норми од 19.000 до 21.000 тони никел годишно.

ГСОЛ, стои во соопштението, преку своето претставништво ЕуроНикел планира да го врати некогашниот статус на ФЕНИ – најголем производител на фероникел во Европа


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?