19 Мај, 2024
0.0315

И самите епидемиолози стравуваат од високиот број новозаразени: Ако продолжиме вака ќе ја гледаме Италија

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

По вчерашната висока бројка на новозаразени со ковид, епидемиолозите во земјава велат дека ако се преполнат болничките капацитети, ќе бидеме Италија на почетокот на епидемијата во март, првиот епицентар на ковид во Европа, каде по болничките ходници умираа луѓето заразени од вирусот.

-Сите рестриктивни мерки ги носиме според епидемиолошката слика во Македонија. Гледаме дека кривата упорно оди нагоре, но досега имаме среќа што сепак најголемиот број од нпвпзаразените се со полесна клиничка слика. И покрај тоа што има 414 хоспитализирани ширум земјава, а толку не сме имале од крајот на јули, здравствениот систем успешно се носи со товарот, но, морам да речам засега. Постои сериозна опасност состојбата да ескалира, па кога наеднаш ќе се преполнат болниците е тогаш навистина ќе биде неподносливо. Сите се сеќаваме на Италија, токму тоа може и да го очекуваме, особено ако тргнеме по паметот на музичарите, веќе луто вели во разговор за Фактор, во моментов „првиот“ скопски епидемиолог, директорот на Центарот за јавно здравје, д-р. Александар Стојанов.

Истовремено нагласува дека сите европски земји воведоа силни рестрикции, а како пример ја посочува Белгија која целосно стави клуч на вратата на кафулињата и сите останати угостителски објекти.

-Дозволивме сè, но овој народ не знае за доста. Што не свират според протоколи, зошто кафанџиите место 10 маси, наредиле 30, каде е растојанието, каде е почитувањето на работното време. Буквално сè беше прекршено, ваква непослушност нема никаде. А, ви велам тешко нас, кога ќе се преполнат болниците. Ниту имаме доволно средства, ниту имаме толку многу лекарски кадар за да се носиме со таков товар. Еве гледам средношколците од Тетово ја бојкотираат онлајн наставата, сакале да одат во школо. Кога ќе се испораболат каде ќе ги сместиме. И да поставиме шатори на стадион, кој ќе ги лечи...Од тоа што досега требаше да биде направено, мислам на монтажните регионални ковид-болници, нема ништо. Со парите од Светска Банка целосно е подготвена само монтажната болница на Инфективната клиника и амбулантата на Пулмологија. Сето останато не е мрднато, појаснува д-р. Стојанов.

Вели дека во текот на неговата долгогодишна кариера, бидејќи веќе е пред пензија, се соочил со 15-тина епидемии во Македонија, но вакво нешто не видел.

-Во 1996 имавме епидемија на полио, имавме епидемија на морбили, но сите епидемии сме ги решавале многу брзо и многу успешно. Ковид е тотално нетипична епидемија. Ниту создадовме колективен имунитет, ниту пак во текот на летото, како што вели науката, вирусот исчезна, зошто сепак беше потврдено дека ова се зимски вируси и дека целосно слабеат во летниот период. Сите предвидувања паднаа во вода, вели д-р. Стојанов.

Според него, дури и вакцината не е крајно решение, зошто бројот на луѓето што ќе ја примат ќе биде исклучително мал. Појаснува дека една вакцина се развива од 5 до 7 години, а како пример ја посочува вакцината против ХПВ која научникот Јан Хектор Фрејзер ја развивал цели 20 години, но истакнува дека речиси никој од родителите не дозволи девојчињата да бидат вакцинирани. Истото го очекува и за вакцината против ковид, за која смета дека најскоро што би можела Македонија да ја добие е следната пролет, некаде во април.

Инаку, вчера министерот за здравство, Венко Филипче заедно со Комисијата за заразни болести донесоа препораки за дополнителни рестриктивни мерки со цел спречување на понатамошно ширење на вирус:

-Забрана за групирање во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи. Во едно живеалиште може да се примат најмногу четири луѓе. На семеен настан може да бидат сите кои се со живеалиште на таа адреса, плус најмногу четворица други.

-Се забранува групирање на јавен простор после 22:00 часот на повеќе од четири луѓе. Забрануваме групирање по паркови, безниски пумпи или било каде на отворено на поголема група граѓани

-Задолжително носење на маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде при престој на отворено, затворено во било кои јавни објекти, на работно место, и во јавен и приватен транспорт. Исклучок е при спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт во приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко домаќинство. При седење во угостителски објект со почитување на протоколите за дистанца и дезинфекција, престој во службени простории – канцеларија ако лицето е само во просторијата. Исклучок од задолжително носење на маска имаат и децата до 6 години, односно до претшколска возраст.


Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража