И Перо Костадинов од СДСМ поднесе оставка
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2024
По вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и Перо Костадинов поднесе оставка како потпретседател на СДСМ по синоќешниот катастрофален резултат на парламентарните избори.
- Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам оставка од мојата партиска функција, потпретседател на СДСМ. Најважни се слободата, мирот и напредокот на Македонија. Граѓаните, денес гласаа на демократски избори, и на слободен начин ја изразија сопствената волја. Како држава, можеме да продолжиме напред само преку заедништво и добронамерност. Потребни ни се внатрешни и надворешни партнерства, силни институции и интеграција на земјата во ЕУ. Сонот за подобар живот дома, е на сите нас, порача Костадинов
Градоначалникот на Валандово додаде дека СДСМ ќе се реформира, затоа што, како што рече, му е неопходна на општеството.