19 Мај, 2024
0.0381

Груби: Несреќни изјави од челници на државни институции за рамковните вработувања

Објавено во: Македонија 15 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Првиот вицепремиер Артан Груби ја оцени изјавата на Стојко Пауновски како „несреќна“ откако директорот на Државниот пазарен инспекторат реле дека за него се неприфатливи 35-те „рамковно“ вработени кои доаѓаат од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

„650 луѓе се започнати со работа и се на нивните работни задачи секојдневно. Има некои несреќни изјави на челници на државни институции, но мислам дека и тие ќе се решат. Значи, нема отпор за примање на К5-административци“, рече денеска Груби при увид на изградбата на дел од автопатот Скопје - Блаце.

Вчера Пауновски на прес-конференција на Инспекцискиот совет рече дека не може да се најдат соодветни работни места за 35-те вработени кои беа распределени во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ),

Пауновски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека овие службеници кои досега не одеа на работа а земаа плата бараат да бидат вработени во три града во западниот дел од земјата, а ДПИ има потреба од инспектори на истокот. Освен тоа, сите тие 35 лица не ги задоволуваат критериумите да бидат инспектори.

Министерот за информатичко општество и администрација, Јатон Шаќири, минатата недела информираше дека досега се завршени процедурите во сите институции за сите вработени кои беа предвидени со К5 програмата. Односно, станува збор за околу 1.300 вработени кои беа вработени според Рамковниот договор, и за кои неодамна се донесе закон да мора да се распределат по соодветните државни институции, со таканаречената К5 програма.

„Важно е да се истакне дека најголем број од вработебните врз основа на оваа програма веќе почнаа со работа во соодветните институции. До МИОА не пристигна ниту еден допис од ниеедна институција која одбила да ги трансферира кај неа тие вработени. Од комуникацијата со Министерството за политички систем знаеме дека овој процес се ближи до крајот. Значи, нема никој што не ги прифаќа тие вработени“, рече Шаќири на прес-конференцијата.


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична