20 Мај, 2024
0.0248

На Гастрономскиот фестивал во Крањска Гора,Словенија

Готвачите на Гастромак со нови меѓународни награди

Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Еден сребрен и три бронзени медалиосвои тимот на Македонската Асоцијација на Готвачи и Шефови – ГастроМак Македонија, на годинешниот Втор меѓународен кулинарски фестивал,што се одржа минатата недела во Крањска Гора, Словенија.

Како претставници на националната Асоцијација на Готвачи и Шефови – ГастроМак Македонија, шеф Игор Атансов и шеф Кристијан Китанов се натпреваруваа во категориите на Традиционалнии Модерни јадења. Две бронзени медали заработи Игор Атанасов во подготовка на Традиционално и Модерно јадење, додека за истите категории, младиот и талентиран шеф Кристијан Китанов,под менторство на шеф Влатко Ѓоргиевски, освои по едно сребро и бронза. Со кулинарските вештини и креативност, двајцата македонски шефовиги задоволија и највисоките критериуми на натпреварот и ги освоија симпатиите на жирито.

''Исклучително сме горди на нашите готвачи за добиените признанија и награди. Особено, ако се имав предвид дека се натпреваруваа со готвачи од асоцијации на земји кои се поискусни од нас, но и лидери во гастрономијата во светски рамки'', изјави претседателката на Асоцијацијата ГастроМак, Адријана Алачки.

Гастрономскиот фестивал Крањска Гора во Словенијабешеизвонредна можност за шефовите на кујни од националната Асоцијација на Готвачи и Шефови – ГастроМак Македонија, да се претстават и да бидат дел од меѓународниот натпревар. Со тоа, тие го потврдија квалитетот на гастрономските познавања и вештини, со рамноправен настап, рамо до рамо, со најдобрите шефови на кујни од Европа.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО