19 Мај, 2024
0.0270

Голем интерес кај младите во Македонија за образование и работно искуство во земјите од ЕУ

Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Едукација, стекнување на интернационални работни искуства, волонтерство и подобрување на менаџерските компетенции во земјите од Европската унија, се главните теми на интерес на младите од Македонија.

Начинот и можностите како  да се зголеми квалитетот и соработката меѓу младите од Македонија и оние од земјите од ЕУ е главна тема на ATOQ семинарот, што од 24-ти до 29-ти ноември 2015 се одржува во Скопје.

Тренингот е во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во соработка со националните агненции од Унгарија и Турција, како и Салто центарот на ЈИЕ. На семинарот учествуваат младински работници и млади луѓе кои биле дел од тимови за организација или работеле како лидери на групи во најмалку една  младинска размена и доаѓаат од различни страни од светот: Турција, Велика Британија, Финска, Холандија, Литванија, Унгарија, Полска, Белгија, Италија, Шпанија, Естонија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Тренинг курсот има за цел да се зголеми квалитетот на младинските размени. Базиран на претходни искуства, меѓународна група на младински работници и лидери ќе се фокусира на квалитетот и подобрување на менаџерските компетенции, со што ќе се придонесе за подигнување на квалитетот на мобилноста во програмата Еразмус плус.

Овој напреден тренинг е дел од Еразмус плус програмата во чии рамки се организираат низа активности во повеќе градови во Република Македонија во насока на што поголемо промовирање на можностите и програмите за доедукација, волонтерска работа и стекнување практични работни искуства во земјите од Европската Унија.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во чии рамки се одвиваат активностите на Еразмус плус програмата, годинава обезбеди 4,7 милиони евра за аплицирање на едукативни програми во земјите од ЕУ. Конкурсот за пријавување е во тек.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО