Германија планира да воведе карантин дури и за вакцинираните?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 19 Ноември, 2021
Германија планира да воведе карантин дури и за вакцинираните граѓани.
Министерот за здравство Јенс Шпан денеска го спомена и ова сценарио кое е реално со оглед на лошата епидемиолошка состојба.
Канцеларката Ангела Меркел вчера изјави дека Германија ќе ограничи голем дел од јавниот живот во областите каде болниците се полни со пациенти заразени со коронавирусот. Епидемиолозите ги повикаа граѓаните да останат дома, да не излегуваат непотребно, и да работат од дома.
Австрија воведе карантин за невакцинираните, а по неа и Словачка. Eпидемијата зема замав во Европа.