Карантин за невакцинираните граѓани се воведува во Словачка
Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Ноември, 2021
Само оние што се вакцинирани или прележале ковид во последните шест месеци ќе можат да влезат во ресторани, трговски центри, на спортски активности и јавни настани.
Мерките стапуваат во сила во понеделник и се очекува да траат три недели. Словачка има една од најниските стапки на вакцинација во Европската Унија - 45 проценти. Словачка има рекорден број новозаразени лица во изминатите денови. Земјата во вторникот имаше 8.000 инфицирани, а претходно оваа недела објави дека има само уште неколку кревети во одделенијата за интензивна нега за пациенти со коронавирусот, објави Ројтерс.
Инаку, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ предизвика бура реакции со изјавата дека ковид мерките кои ги презела Австрија може да се споредат со фашизам. Официјална Виена остро ја осуди изјавата на Милановиќ.