22 Мај, 2024
0.0291

Француска музичарка ужива да го изучува македонскиот јазик, вели звучи како музика

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

„Здраво, се викам Гаел и свирам на кавал“, oва се првите зборовите кои Гаел Лекок од Франција ги научила на македонски. Таа два пати посетувала Летна школа и го изучува македонскиот јазик. Универзитетот се вика ИНАЛКО (INALCO) и таму има полн циклус студии за македонски, раскажува Лекок.  

Вели дека не сака да зборува за политика, но е против оспорување на јазикот. Таа има солиден фонд на зборови, може да разговара, но вели дека сепак понекогаш прави грешки. Ја посетила Македонија повеќе пати, има пријатели овде, а за јазикот вели дека е како музика. „Ајвар, ракија, вино“, се исто така меѓу првите зборови кои ги совладала.

„Не беше толку тешко за учење затоа што веќе сум учела 4 странски јазици пред македонскиот. Jaс сум заљубена во јазиците и во Македонија. Ги сакам зборовите што имаат само консонанти, како грб, врв.... Добро звучат. Јазикот е како музика за мене“, вели таа.

Почнала да го учи јазикот пред неколку години. Ги сака и македонските народни песни и ужива да ги свири. За магистерски труд планира да преведе многу македонски песни. „Море сокол пие“, „Зајди, зајди“, „Јовано, Јованке“ и „Елено ќерко“, се нејзини омилени македонски народни песни.

„Јас започнав да го учам македонскиот јазик во 2015 година, откако претходно во 2014 година ја посетив Македонија. За среќа ние во Париз имаме универзитет кој овозможува часови на македонски јазик. Тоа мене не ми се виде како тешко, затоа што јас веќе имав добро искуство во учење на странски јазици. Но, мораше да научам да пишувам и читам нова азбука. Синтаксата не е толку различна од онаа на францускиот, но потешко е за зборовите кога не знаеме ниту еден словенски јазик. Не знам колку зборови точно сум научила, но според мое мислење сум на ниво B2-C1“, раскажува Лекок.

Таа е само една од многу луѓе ширум светот кои почнале да го учат македонскиот јазик, иако тој има мал број на говорители. Овој податок нив не ги обесхрабрува. 

Македонскиот јазик во последно време беше мета на напади во Бугарија, каде власта го спори и тврди дека тој има бугарски корени.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази