19 Мај, 2024
0.0258

ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА, ГЕРМАНИЈА: За Нова година и Божиќ нема олабавување на мерките

Објавено во: Свет, Корона Вирус 11 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

За Нова година и Божиќ поради пандемијата на коронавирусот, европските метрополи ќе останат празни. 

Строгите мерки остануваат на сила во Франција, Германија, Италија, и други држави. 

Италија, Новата година ќе ја дочека со полициски час и забрана за движење од еден во друг регион во државата. 

Германија е една од земјите каде подолг период има остри мерки. Во пресрет на празниците, порака до граѓаните испрати и канцеларката Ангела Меркел.

„Сакам само да кажам – ако ние сега имаме многу контакти со други луѓе во пресрет на Божиќ и тоа резултира како последен божиќ со нашите баби и дедовци, значи сме направиле нешто грешно. Не смееме да дозволиме ова да се случи.Жал ми е, навистина ми е жал од дното на срцето. Но, ако цената што терба да ја платиме е 590 смртни случаи на ден, тоа е неприфатливо за мене“, изјави Меркел.

Франција се откажа од ублажување на мерките за време на празниците. 

Земјата нема повторно да ги отвори музеите, кината и театрите следната недела, како што беше планирано, зашто бројот на случаите на ковид-19 не паѓа толку брзо како што се надевала владата, изјави денеска премиерот Жан Кастекс. Франција на 15 декември ќе ја укине наредбата за останување дома и ќе ја замени со ноќен полициски час.

Француската влада најави дека карантинот воведен на крајот на октомври за да го совладаат вториот бран на коронавирусот ќе биде делумно укинат до 15 декември. Но, ова беше условено со тоа бројот на инфекциите да падне на 5.000 дневно, што изгледа нема да се случи. Иако стапките на преносот се неколку пати пониски отколку што беа на врвот на вториот бран, Франција во моментов бележи во просек 11.368 нови случаи секој ден. Театрите, кината и музеите би требало повторно да се отворат во почетокот на јануари.  Меѓутоа, полицискиот час ќе биде укинат на 24 декември, на Бадник.

Бројот на заразените со коронавирусот во Франција е зголемен за 13.750.

Во Австрија постои страв дека со трет бран на вирусот нема да можат да се справат. 

Франција и Италија се во првите 10 во светот со најмногу заразени, а Германија е на 12-то место. 

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто