(ФОТО) ПАЈАКОТ „ЧИСТИ“ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ - внимавајте каде паркирате
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2020
Пајаците на Паркинзи на Општина центар не мируваат.
Тие утринава ревносно собираа непрописно паркирани возила во близина на Европскиот универзитет.
Фактор направи неколку фотографии од „чистката“ која утринава беше спроведена во централното градско подрачје.
Овие фотографии можат да им послужат на оние граѓани кои веројатно од брзање да завршат некоја работа непрописно ги паркираат автомобилите, да внимаваат каде ги оставаат своите возила.