19 Мај, 2024
0.0313

(ФОТО) МВР ИМА ТУРБО РАБОТА: Седум дилери се приведени, запленето е оружје и лабораторија за дрога

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи информира дека во рамките на засилените активности и мерки во борбата против недозволена трговија со дрога и оружје, вчера запленило осум парчиња оружје, како и лабораторија за дрога, хероин и марихуана.

Приведени се седум лица.

„Полициски службеници од Одделот за Криминалистичка полиција Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на 07.10.2020 во координација со СВР Куманово СВР Штип, СВР Велес и ОВР Кратово, а по претходно обезбедени наредби за претрес од Основен суд Куманово и Основен суд Штип извршија претрес во домови и помошни простории  во с. Којково- кратовско и во с. Злетово и ги приведоа Д.М. (25), З.М. (44), М.М., и Љ.М.. При претресите пронајдени се осум парчиња оружје без документација (три карабини, четири ловечки пушки, една малокалибарска пушка). Во близина на куќата на Љ.М. во с. Којково откриен е насад засаден со марихуана, а при претресите се пронајдени и лабараторија за преработка, стебла марихуана засадена во пластеници (високи од околу 2 м), 10 тегли со екстракт од марихуана, поголема количина семки од марихуана, платформи за сушење на марихуана со поголема количина на марихуана во процес на сушење, сад во кој се вари марихуана, остатоци во кесиња од цедена марихуана. Во моментот кога полициските службеници почнале со претреси, во лабароторијата се одвивал процес на обработка на марихуаната“, соопшти МВР.

Во дополнителна акција, полициски службеници извршиле претреси во дом на Т.Ј. (26) од Велес и при тоа се пронајдени два килограма марихуана и други предмети.

„Во дополнителна акција на СВР Струмица и СВР Велес приведен е Х.Б. (44), дилер на хероин од Велес. На 07.10.2020 Одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица презеде мерки и активности и кај С.И. од Струмица пронајде 50 грама хероин во моментот додека го купувал од други лица. Лицата се дале во бегство со возило бмв, но по преземани мерки тие се фатени во Неготино. Приведени се Х.Б. од Велес  и М.О. (34) од с.Бузалково“, се вели во информацијата од Министерството.

Против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога и оружје и другите видови криминал. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража