05 Мај, 2024
0.0277

ФОКУС НА ДЕНОТ: Тестираните лекари немаат корона, во Европа расте бројот на заразени

Објавено во: Македонија 02 Март, 2020

Добивај вести на Viber

ДВАЈЦА ЛЕКАРИ СЕ ТЕСТИРАНИ, НО НЕ СЕ ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС

Лекарите кои биле на конгрес во шпанскиот град Мадрид, каде еден од предавачите бил заразен со коронавирусот, ќе бидат во домашна изолација во рок од  14 дена. 

Министерството за здравство соопшти дека резултатите на двајцата лекари се негативни на коронавирус.

Тие стигнале во Македонија во саботата навечер, а вчера не биле на работа. Освен со семејствата немале контакт со поголем број луѓе. 

Во Македонија засега има една жена инфицирана со коронавирус. Таа е на возраст од 50 години, засега е добро, а се заразила во Италија

БЕГАЛЦИТЕ ГО ЗАГРИЖУВААТ РЕГИОНОТ

Засега нема очекувања дека може да дојдеме во ситуација на зголeмен мигрантски бран, но ако дојде до какво било отворање на рутатата и зголемување на бегалци тие може само да транзитираат или да бидат со времен престој до 72 часа, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.

Според Спасовски, системот за добро справување со евентуална миграциска криза функционира постојано и сите надлежни институции се се максимално посветени на справување со евентуален зголемен број мигранти.

„Знаете кој е ставот и политиката на Владата во однос на мигрантите, ние сме транзитна земја, имаме два транзитни центра, Винојуг и Табановце, и ако дојде до какво било отворање на рутата односно зголемување на бегалци низ Република Северна Македонија, може само да транзитираат или да се донесе времен престој до 72 часа“, рече Спасовски.

КОРОНАВИРУСОТ ГО НАТЕРА МАКРОН ДА ГИ ОТКАЖЕ ПАТУВАЊАТА

Вработените на музејот Лувр во Париз, нема да работат поради коронавирусот. 

Тие го искористија своето право на повлекување и одлучија денеска да не работат, јави дописникот на МИА.

Поради епидемијата, вработените на музејот повторно изгласа право на повлекување. 

Дирекцијата на музејот и Министерството за култура потсетија дека затворањето на музејот не е потребно, затоа што засега само манифестациите на затворено со повеќе од 5000 посетители се забранети.

Музејот втор ден е затворен за туристи. 

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги откажа сите патувања, за да ја следи состојбата со коронавирусот. Во земјата 138 луѓе се заразени од коронавирусот. Досега тројца Французи починаа од коронавирусот

Ли Ман-хе, лидерот на христијанската секта од Јужна Кореја која е поврзана со околу половина од случаите на заразени со коронавирус во оваа земја, се извини од името на своите членови.

„Сакам искрено да им се извинам на сите сограѓани во име на нашите членови“, рече Ли Ман-хе, пренесен од француските медиуми.

СЕ СУМИРААТ ВПЕЧАТОЦИТЕ ОД ТВ ДУЕЛОТ ЗАЕВ - МИЦКОСКИ

По завршувањето на онлајн анкетата што ја спроведе „Фактор“ по тричасовната ТВ-дебата на двајцата партиски лидери, Зоран Заев, претседателот на СДСМ, има мала предност во однос на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прашањето до гледачите кој од нив двајца беше поубедлив на телевизиското соочување.

НОВИ ПРАВИЛА ЗА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА

Официјално стапи на сила новиот германски закон за доселување на квалификуван кадар.

Германските претставници се оптимисти дека законот насочен на вработување квалификуван кадар од странство ќе биде ефикасен во решавање на дефицитот на германскиот пазар на труд.

Лекари, иновативни инженери, научници, ИТ професионалци, и професионални негуватели се професии кои се најбарани во Германија. 

До 2030 година, се проценува дека шест милиони работници ќе недостасуваат во Германија

ЧИТАЈТЕ УШТЕ:

Вкупно 457.000 евра заработила туристичката агенција која ги пренесувала авионски организаторите на ланските претседателски избори во дијаспората, на кои за гласање се пријавија само 1.782 гласачи. Дополнително, од нив, во вториот круг за Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова гласале само 814 иселеници.

Судски процеси, рекет, политичка нестабилност во време кога земјата се приближува кон Европската Унија и станува членка на НАТО

Ги слушнавме потребите на граѓаните и барањата на бизнис секторот, а погледнавме и што сме сработиле досега. Сето тоа ни помогна да создадеме еден сеопфатен економски пакет кој ќе им го понудиме на граѓаните и ќе ја бараме нивната доверба на претстојните избори, вели во интервју за Фактор Кирил Колемишевски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ и заменик министер за економија.

Секое физичко лице акционер на „Комерцијална банка“ ќе добие по 495 денари нето дивиденда за секоја своја акција, што е најголем износ на дивиденда што досега го исплатила најголемата македонска банка. Најмногу од дивиденда – околу 2 милиони евра ќе добие „Адора Инженеринг“ – фирмата на Ванчо Чифлиганец

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца