КОРОНА ОДНЕСЕ 38 ЖИВОТИ ВО ЕУ: Персоналот во Лувр одби да работи
Објавено во: Свет 02 Март, 2020 16:56
Вработените на музејот Лувр во Париз, нема да работат поради коронавирусот.
Тие го искористија своето право на повлекување и одлучија денеска да не работат, јави дописникот на МИА.
Поради епидемијата, вработените на музејот повторно изгласа право на повлекување.
Дирекцијата на музејот и Министерството за култура потсетија дека затворањето на музејот не е потребно, затоа што засега само манифестациите на затворено со повеќе од 5000 посетители се забранети.
Музејот втор ден е затворен за туристи.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги откажа сите патувања, за да ја следи состојбата со коронавирусот. Во земјата 138 луѓе се заразени од коронавирусот. Досега тројца Французи починаа од коронавирусот.
Нивото на ризик од новиот коронавирус во Европската унија се зголеми од „умерено“ на „високо“, потврди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Во ЕУ до денеска претпладне со новиот коронавирус се заразиле 2.100 луѓе, а 38 починале.
Лани вирусот се појави во Кина, а големи жаришта беа Италија и Јапонија.
Веќе е регистриран и првиот заразен во Тунис и Саудиска Арабија.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




