19 Мај, 2024
0.0293

Фирмите во Европа ја намалија наплатата на фактурите за три дена, македонските каскаат

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber


Во Европскиот извештај за наплата од 2018 година корпоративните трансакции покажале дека просечното време за наплата на претпријатијата на своите фактури изнесува 34 дена, што е намалување за три дена во споредба со Извештајот од 2017 година. 

Во Македонија, Народната банка се уште не го објави Извештајот за финансиска стабилност за 2017 година каде што се објавува и просечниот број на денови на наплата на побарувањата, но до 2016 година тој податок се движеше околу 120 дена, што е речиси четири пати повеќе отколку европскиот просек. Просечниот рок, пак, за исплата на краткорочни обврски кај приватните компании во Македонија е дури 179 дена.

Од Стопанската комора на Македонија исто така, за Капитал, велат дека состојбата со наплатата на побарувањата не се подобрува ниту годинава а нивната последната анкета од минатата година, покажува дека дури 40% од анкетираните бизнисмени одговориле дека плаќањата се вршат подоцна од договорените рокови и најчесто надминуваат 90 дена.

Последниот Извештај за финансиска стабилност на Народната банка покажа и големи разлики меѓу компаниите што работат во технолошко индустриските развојни зони коишто се доминантно со странски капитал и останатиот корпоративен сектор. Странските компании од зоните на пример, краткорочните обврски ги плаќале во просек за 80 дена, додека пак во целиот бизнис сектор тој просек достигнува до 170 дена. За наплата на побарувањата, компаниите од зоните чекаат просечно по 79 дена, што е за 37 дена по брзо отколку просекот во приватниот сектор.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?