Филипче за изјавата на Пендаровски: Изненаден сум, сликите од Србија не се срам
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Март, 2021
Mинистерот за здравство, Венко Филипче попладнево реагира на изјавата на шефот на државата Стево Пендаровски кој рече дека сликите од граѓани кои одат на вакцинација во Србија се срам за нас.
„Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана“, реагира Филипче.