10 Мај, 2024
0.0312

ФИЛИПЧЕ ПРЕДУПРЕДУВА: Имеме експлозија на вирусот, ако немаат потреба граѓаните да не излегуваат од дома

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција предупреди на сериозната ситуација со епидемиолошката состојба во земјава, нагласувајќи дека имаме експлозија на вирусот. Вели дека тој е распространет насекаде и дека дури и најмало невнимание може да доведе до трансмисија.

-Вирусот е широко распространет, и најмало невнимание може да значи инфекција. Сметаме дека  мерките кои ги имаме се одлични, заради што и на утринскиот состанок со Комисијата за заразни болести заклучивме дека засега не се потребни дополнителни рестриктивни мерки. Тоа што е важно и воедно апелирам е да се почитуваат мерките, и да не се излегува од дома ако се нема потреба, само до маркет, до работно место…, истакна министерот.

Истовремено рече дека големиот наплив на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација ја наметна потребата за активирање на планот за отворање дополнителни одделенија каде ќе се сместуваат болните од ковид.

-Имајќи го предвид ова брзо пополнување, го активиравме планот за обезбедување дополнителни капацитети и сега цела зграда на Клиниката за интерни болести е наменета за пациенти со ковид. Целосно се исполните капацитетите на Инфективна клиника, модуларната болница, а сега во функција е ставен Центарот за белодробни заболувања и ТБЦ. Лекарите и медицински сестри се целосно спремни, имавме координативни состаноци и бројката на медицински лица ќе биде распределана во сите болници и одделенија. Дополнителниот број на кревети кој од утре може да биде на располагање е 150 и дополнителни 100-тина на клиниките за оториноларингологија и очни болести. Со капацитет од 100 кревети работи ГОБ „8 Септември“ без пореметување на редовната програма. Голем е притисокот врз службите за брза помош. Направивме координација за сместување на пациентите согласно местата кои сега ќе бидат дополнително на располагање од утре, посочи министерот.
Филипче нагласи дека секаде состојбата е загрижувачка, а најголем предизвик секако останува бројот на болнички кревети и кадарот кој веќе е преморен, но е дефицитарен.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

Силјановска Давкова доби честитка од Зеленски

Силјановска Давкова доби честитка од Зеленски

МИЛОШОСКИ РАСПАЛИ ЗА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ТРЕНЧЕВСКА: Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност

МИЛОШОСКИ РАСПАЛИ ЗА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ТРЕНЧЕВСКА: Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност

Катимерини: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да не прави трикови вон договорот од Преспа

Катимерини: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да не прави трикови вон договорот од Преспа

„ОД ВД ПРЕМИЕР ШТО ГИ ГАСИ СИТЕ СЕМАФОРИ И ПРАВИ ХАОС НИЗ ГРАДОТ, НЕ Е ОЧЕКУВАНО ДА ГИ ЗНАЕ ОБВРСКИТЕ“: остра реакција од град Скопје

„ОД ВД ПРЕМИЕР ШТО ГИ ГАСИ СИТЕ СЕМАФОРИ И ПРАВИ ХАОС НИЗ ГРАДОТ, НЕ Е ОЧЕКУВАНО ДА ГИ ЗНАЕ ОБВРСКИТЕ“: остра реакција од град Скопје