06 Мај, 2024
0.0243

Фицо бара ист квалитет на храната насекаде во Европа

Објавено во: Свет 10 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот на Словачка,  Роберт Фицо е задоволен што на самитот на Европската Унија вчера во Брисел се пробила и темата за полошиот квалитет на храната и другите производи за „новите“ Европејци, иако земјите од Вишеградската четворка не успеаја во целост таа пракса да ја забрани Европската комисија.

Фицо вели дека со ова нивната мисија е делумно исполнета.

ЕУ мора да потврди дека ќе преземе мерки да се елиминира негативната пракса со која никој не може да се сложи. Можеби тоа предизвикува нервоза кај некои претставници на Европската комисија, дека не сакаат да се занимаваат со кечап, но јас одговарам дека тоа е пред сѐ политички а не технички проблем. Станува збор за кредибилитетот на ЕУ како институција“- кажа Фицо по самитот.

Земјите од Вашиградската група на последниот самит го нагласија проблемот на вообичаената пракса на наднационалните компании да произведуваат и продаваат ист производ под исто име со еден квалитет и одредени состојки за Западот, а сосема други, забележливо полоши, иако најчесто не се поевтини, за посткомунистичките членки на ЕУ и нивните соседи како регионот Западен Балкан.

На страната на новите Европејци кои одбиваат да им се продава шкарт храна застана и еврокомесарката задолжена за правата на потрошувачите, Вера Јоурова од Чешка, особено по најновите словачки анализи на над 20 производи од продавници во Австрија и Словачка која докажала дека производите за Словаците имаат помал процент месо, повеќе вештачки додатоци, посиромашни се по состојките од истите производи за Австријците.

Досега на сите предупредувања, пред сѐ од Чешка која веќе неколку години прави анализи, произведувачите и самата Европска комисија одговараат дека за различниот состав е наводно виновен вкусот на потрошувачите, а дека ЕУ доволно се обврзува да се наведат сите состојки, и дека потрошувачот знае што купува.

Можеби ќе ве интересира

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина