18 Мај, 2024
0.0331

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев потврди дека комисиите имаат напредок, денес скокна бројот на заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

ПРЕМИЕРОТ ТВРДИ ДЕКА КОМИСИИТЕ ИМААТ НАПРЕДОК

Постигнат е напредок во Комисијата за историски прашања, вели премиерот Зоран Заев. 

Тој рече дека разговорите со Бугарија треба да продолжат без разлика на исходот од претстојниот Совет на министри. 

„Треба да се имплементираат Договорите со Грција и Бугарија. Во оваа насока, Бучковски треба да е мотиватор за реализација на договорите. Разговорите, пак со Бугарија, ги води МНР, односно Бујар Османи, а вклучен е и вицепремиерот Никола Димитров. Тука е секако и мојот кабинет, но и амбасадарот во НАТО, Дане Талевски. Деновиве се прават напори за да се изнајде решение. Ние претходно го подготвивме народот дека е можно да не се усвои преговарачката рамка, а со тоа и да започнат преговорите. Но, нашата стратегија е дека треба да продолжиме да разговараме и ќе правиме максимални напори до последниот момент“, изјави Заев.

Заедничката Комисија пак два дена ќe бара решение за револуционерот Гоце Делчев.Министерот за надворешни работи, Бујар Османи смета дека ќе биде вратена довербата во Договорот за добрососедство со Бугарија доколку денеска и утре на онлајн средбата македонската и бугарската историска комисија ги доближат ставовите за Гоце Делчев.

Лингвистите пак повика за нација, јазик и историја да не се преговара. 

ДЕНЕС НАД 1.300 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3399 тестирања, а регистрирани се 1342 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-479, Куманово-52, Дебар-20, Штип-45, Прилеп-84, Тетово-58, Струга-52, Велес-59, Битола-83, Охрид-49, Кавадарци-42, Гостивар-63, Гевгелија-33, Струмица-29, Крива Паланка-12, Радовиш-12, Крушево-5, Кочани-33, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-4, Валандово-4, Виница-4, Делчево-22, Кратово-7, Свети Николе-13, Кичево-31, Ресен-13, Неготино-18. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти од: Скопје-266, Куманово-49, Штип-30, Прилеп-51, Тетово-1, Струга-30, Велес-13, Битола-56, Охрид-29, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-3, Струмица-16, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-3, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Берово-6, Валандово-2, Виница-8, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-11, Кичево-21, Ресен-3 и Неготино-8.

Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69г), еден од Куманово (79г), двајца од Штип (81 и 78г), четири пациенти од Прилеп (84, 68, 69 и 79г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 73г), еден од Охрид (87г), еден од Гостивар (71г), еден од Струмица (67г), еден од Крушево (71г) и еден пациент од Берово (86г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

ОСМАНИ ВЕЛИ ДЕКА АКО ИМА НАПРЕДОК ЌЕ СЕ ВРАТИ ДОВЕРБАТА ВО ДОГОВОРОТ

Бујар Османи, министерот за надворешни работи, смета дека ќе биде вратена довербата во Договорот за добрососедство со Бугарија доколку денеска и утре на онлајн средбата македонската и бугарската историска комисија ги доближат ставовите за Гоце Делчев.

Средбата на македонските со бугарските експерти се одржуваат преку интернет врска во самите простории на Министерството за надворешни работи, бидејќи како што рече Османи, само таму имало услови за состанокот.

- Мислам дека тоа ќе ја врати довербата дека решението е во договорот, а кога ќе се врати довербата во договорот, се друго ќе биде полесно, рече Османи на денешната прес-конференција.

Шефот на македонската дипломатија додаде дека целта со „патоказот“ во Договорот за добрососедство е да се создаде предвидливост преку акциски план.

МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ИЗЛЕГОА СО МЕМОРАНДУМ

 преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ;

 - да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет; 

 - да се уважуваат не само објективните факти и научната аргументација, туку и комплексната интерпретација на историските факти, настани и личности; 

„ПОЛИТИКО“ ГО АНАЛИЗИРА МАКЕДОНСКО - БУГАРСКИОТ СПОР

„Политико“  во својата анализа за работата на Европската Комисија во годинава што изминува, наведува дека за да се надмине блокадата меѓу Македонија и Бугарија клучен фактор е германското претседателство, а не еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Во наводите, „Политико“ констатира дека Верхеји е премногу попустлив Бугарија, а освен тоа како проблем го наведува и тоа што Европската народна партија (ЕПП) не е доволно остра кон бугарскиот премиер, Бојко Борисов.

Токму затоа, „Политико“ за најлоши моменти во 2020 година што му ги припишува на еврокомесарот Вархеји е токму ветото за Македонија од страна на Бугарија, односно неможноста  Македонија да ги отпочне пристапните преговори со Европската Унија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поради пандемијата на коронавирусот, дел од граѓаните новата 2021 година ќе ја дочекаат во домашните ски центри, а дел ќе заминат во странство при што најчесто ја бираат Србија.

Како после една година се сфати дека нема правна основа за да се додели државната помош за Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО?

Корона кризата немаше силно негативно влијание врз работата на осигурителните компании во првите девет месеци. 

Агенцијата за управување со одземен имот конфискувала подвижен и недвижен имот во вредност од 532.114.872 денари според годишниот извештај кој го добивме, а се чекаше да биде усвоен до ноември.

Иако е премногу рано и засега нема цврсти научни објаснувања, сепак, постојат инцидентни случаи на пациенти кои пред неколку месеци се излекувале од корона вирусот, сега да се соочуваат со други здравствени проблеми, вели во разговор за Фактор, професор д-р. Нико Беќаровски, интернист-клинички токсилог од Клиниката за токсикологија.

Управата за јавни приходи се уште го исплатува повратот на данокот на додадена редност (ДДВ) за скенираните сметки во третото тромесечје односно во јули, август и септември. Оттаму велат дека ниту еден обврзник нема да остане неисплатен иако месецов исплатата малку се пролонгираше па и сега има граѓани кои не ги добиле парите на сметка. Тие секојдневно се жалат на социјалните мрежи и до медиумите особено деновиве откако почна и декември. 

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци