19 Мај, 2024
0.0371

Kaде ќе патуваат граѓаните за дочекот на Новата година?

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Поради пандемијата на коронавирусот, дел од граѓаните новата 2021 година ќе ја дочекаат во домашните ски центри, а дел ќе заминат во странство при што најчесто ја бираат Србија.

За патување кај северниот сосед за празниците има најголем интерес.  Ова го потврдува Ивона Јакимовска, раководител на Сектор туристички агенции при СКТМ. Освен Србија, интерес има и за Албанија и Турција.

„Намален е интересот за патување за разлика од минатата година за овој период зима 2020/2021. Но, има и интерес делумно за надвор од Македонија за дочек 2021, односно голем интерес има за Република Србија. Во овој период е актуелен SKI-OPENING-Koпаоник со сите заштитни мерки и протоколи со дефинирани правила кои ќе мораат да се почитуваат. Едни од препораките за љубителите на белиот спорт се да се носат редовно маски, ракавици. Во делот на ски карти, тие ќе можат да се купат и online и се дел и од протоколите во Р.Србија. Има интерес и за Албанија  и Турција, без тестови за македонските граѓани кои ќе ја дочекаат Новата години во тие земји. Апелираме на натамошно почитување на мерките на Владата како и протоколите во соседните земји за заштита на општото јавно здравје на граѓаните со цел скоро надминување на оваа нова состојба. Сите ние да дадеме свој придонес во зачувувањето на нашето здравје и нашата безбедност за сите активно да продолжиме да ја вршиме својата дејност и да обезбедиме натамошен раст и развој на стопанството, економијата и останатите нестопански дејности во Република Северна Македонија“, вели Јакимовска.

Новото нормално наложува постојано да се следат мерките и протоколите кои ги носат државите со цел заштита на јавното здравје. Оваа година пандемијата ќе го промени и начинот на празнување.

„Во изминатиот период на времетраење и прогласувањето на пандемијата од КОВИД-19 на светско ниво, интензивно ги следиме мерките и насоките на Владата на Република Северна Македонија, како и во соседните земји. Свесни сме за важноста на информирањето за моменталните состојби во туризмот, особено во зимската сезона која е на прагот и ништо не може да ја опише радоста кај човекот кога започнуваат Божиќните и Новогодишните празници. Во ова време за миг да ја оттргнеме мислата која веќе десет месеци е присутна за жал поради пандемијата. Се ближат најубавите празници како и подготовки за пакет аранжмани од страна на туристичките агенции кои веќе се во продажба во земјава како и кај соседите. Нашите хотели се веќе спремни да ги дочекаат гостите како најавени групи и индивидуални гости. Да се почитуваат протоколите, особено натамошните мерки и одлуки кои ќе бидат донесени или се делумно донесени, и се од исклучителна важност во делот на патувањето во зимскиот период“, рече Јакимовска.

Според Светската туристичка организација на Обединетите нации (УНВТО), големиот пад на туристичката побарувачка за меѓународно патување помеѓу јануари-јуни 2020 година доведе до загуба од 440 милиони меѓународни пристигнувања и приход од околу 460 милијарди долари.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична