03 Мај, 2024
0.0283

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев и Ахмети постигнаа договор, ДУИ на крајот од мандатот сто дена ќе има премиер

Објавено во: Македонија 18 Август, 2020

Добивај вести на Viber

ПОСТИГНАТ Е ДОГОВОР ЗА ВЛАДА

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со претседателот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека e постигнат договор за новата Влада. 

Кажа дека тој ќе биде премиер и ќе ја води Владата. 

Заев рече дека оваа Влада ќе работи посветено за интересите на граѓаните и државата. 

„Јас сум особено горд што овој договор го постигнуваме на самиот почеток на истекот на 20-те денови кои јас ги имам на располагање како мандатар“, вели Заев. 

Ќе се водат од принципите за еднакво општество за сите и родова рамноправност. 

Ќе се борат против криминал и корупција, но и ќе настојуваат да се намалат привилегиите на функционерите. 

Ќе се укине Пржинската Влада, преку измени на законот. 

Ќе се работи на измена на изборниот модел веќе за следните избори. 

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска изјави дека што поскоро мора да се конституираат институциите на државата. 

Вели дека денешната одлука ќе биде поздравена од сите граѓани. 

„Секако дека ќе биде поздравена и од нашите партнери од меѓународната заедница, кои многу и помогнаа на нашата земја на патот кон НАТО и ЕУ“, изјави Ахмети. 

СЕ МЕНУВА ПРОТОКОЛОТ ЗА ИЗОЛАЦИЈА

Во текот на оваа недела Комисијата за заразни болести ќе го стави на дневен ред прашањето за промена на алгоритмот за корона вирусот, односно ќе разговараат за евентуално намалување на деновите што треба да се минат во изолација откако пациентите ќе го прележат заболувањето. 

За Фактор појаснуваат дека веќе сега, во август имаат сосема нови сознанија за Ковид-19 кои претходно, односно до јуни,-јули не ги знаеле, зааради што можено е пациентите откако ќе ја прележат болеста да не мора толку долго да бидат во изолација.

Има нов протокол за изолација, при што нема да бидат потребни контролни тестирања. 

Позитивните се ослободуваат од изолација без контролни тестирања. 

Анализите покажале дека детектираните вируси во контролните брисеви не може да предизвикаат нова инфекција. 

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека досега се направени над 27.000 тестови за Ковид -19 во земјава.

НОВИ 130 ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-40, Куманово-6, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-4, Битола-3, Охрид-6, Кавадарци-2, Гостивар-18, Струмица-1, Пробиштип-2, Берово-1, Виница-5, Делчево-4 и Кичево-7.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти од: Скопје-87, Куманово-18, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-4, Гостивар-9, Македонски Брод-1, Кичево-5 и Ресен-6.

Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (70г.) и еден пациент од Штип (75г.). Пациентите се починати во болнички услови.

ДО 3 ОДДЕЛЕНИЕ ЌЕ ОДАТ НА НАСТАВА, ДРУГИТЕ ЌЕ УЧАТ ОНЛАЈН

Новата учебна година треба да почне, но со електронска комуникација, најави министерот за образование, Арбр Адеми. 

Вели дека само децата од 1 до 3 одделение  со физичко присуство ќе следат настава во училиште. Другите ќе учат онлајн. 

Втор исклучок ќе има и ќе се дава согласност за организирање на настава со физичко присуство онаму каде има многу мал број ученици, но и тука е потребна согласност од родителите. 

Во една училница не смее да има повеќе од 20 ученици, со цел да се спречи ширење на коронавирусот, кажа претходно министерот за здравство, Венко Филипче. 

НЕФИ УСЕИНИ ПРЕДИЗВИКАЛ ИНЦИДЕНТ

Нефи Усеини, советникот во Општина Охрид, познат во јавноста по своите дивоградби и испади, со пиштол го нападнал извесниот Спире Топалоски во охридски хотел, мавајќи го по глава со рачката заедно со уште неколкумина пред неговиот 14-годишен син.

Членот на ДУИ е пријавен и во полициска станица, дознава „А1он“,а инцидентот се случил утрово. 

Од полицијата само велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Според кажувањата, Усеини им правел притисок и на одговорните во хотелот да не ја даваат снимката од инцидентот на полицијата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Десетина занаети исчезнаа во рок од една деценија, а на уште толку им се заканува исчезнување во иднина.

Ја искористија ли можноста некои домашни компании да продадат повеќе од своите производи и да ги зголемат приходите од почетокот на јуни досега преку проектот „домашна платежна картичка“.

На УНИ Банка во корона време се и оди од рака. Добивката, која порасна за 29 отсто, е генерирана од раст на нето приходите од камати, раст на останатите приходи и раст на нето приходите од курсни разлики. 

Последниот финансиски извештај што го објавила јавно Еуростандард банка на Берзата е оној што е однесува за работењето во 2018 година. Тој извештај бил презентиран пред јавноста во јули минатата година.

Според нашите информации, во новата влада, Министерството за внатрешни работи ќе го раководи кадар на СДСМ повторно, односно овој ресор останува кај поголемиот коалиционен партнер. 

Во ГОБ „8 Септември“ како најголем Ковид центар во земјата ја нема повеќе онаа бројка од 170 тешко болни пациенти.

Можеби ќе ве интересира

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите