Заев ќе биде премиер, ќе се укине Пржинската Влада
Објавено во: Македонија 18 Август, 2020
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со претседателот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека e постигнат договор за новата Влада.
Кажа дека тој ќе биде премиер и ќе ја води Владата.
Заев рече дека оваа Влада ќе работи посветено за интересите на граѓаните и државата.
„Јас сум особено горд што овој договор го постигнуваме на самиот почеток на истекот на 20-те денови кои јас ги имам на располагање како мандатар“, вели Заев.
Ќе се водат од принципите за еднакво општество за сите и родова рамноправност.
Ќе се борат против криминал и корупција, но и ќе настојуваат да се намалат привилегиите на функционерите.
Ќе се укине Пржинската Влада, преку измени на законот.
Ќе се работи на измена на изборниот модел веќе за следните избори.
Законите во Собранието ќе се донесуваат заеднички.