Нефи Усеини со пиштол нападнал охриѓанец во хотел
Објавено во: Македонија 18 Август, 2020
Нефи Усеини, советникот во Општина Охрид, познат во јавноста по своите дивоградби и испади, со пиштол го нападнал извесниот Спире Топалоски во охридски хотел, мавајќи го по глава со рачката заедно со уште неколкумина пред неговиот 14-годишен син.
Членот на ДУИ е пријавен и во полициска станица, дознава „А1он“,а инцидентот се случил утрово. Од полицијата само велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Според кажувањата, Усеини им правел притисок и на одговорните во хотелот да не ја даваат снимката од инцидентот на полицијата.
- Не
може во сите случки Нефи да е прав. Сега
сум решен, или ќе ме убие или ќе го убијам.
На дете 14-годишно, на син ми, пиштол му
извади. Жена ми плаче, мајка ми плаче. Око
за око, заб за заб. Или државава да преземе
нешто за овие што го пустошат цел град или
ќе одам до крај за тоа што на детето мое му
извади пиштол. Еден кримиалец не може да
тероризира секого и секогаш тој да е во
право. Цел сум со дупки“, рекол Топалоски.