16 Мај, 2024
0.0325

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За празникот во карантин, денес уште четири жртви на коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

ЗА ПРАЗНИКОТ МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ВО КАРАНТИН

Полицискиот час ќе да почнува од сабота од 19 часот и ќе трае до вторник до 5 часот наутро. Предлогот е поради престојниот продолжен викенд и празникот Бајрам. Понеделник е неработен ден за сите граѓани.

Кафулињата ќе се отворат во вторник, следната недела, односно на 26 мај. Нема детали до колку ќе биде полицискиот час од тој ден.

Овој предлог треба да го усвои и Владата.

ДЕНЕС ЧЕТИРИ ЖРТВИ НА КОВИД - 19

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти, а во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, од кои 19 нови случаи на ковид-19. Починати се четворица пациенти, информира Министерството за здравство.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје која имала 65 години примена на 11 мај, но и пациент од Скопје кој имал 71 години хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово - 73 години во болница од 11 мај. 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Прилеп кој имал 41 година кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.

ТЕТОВО НОВО ЖАРИШТЕ

Тетово и околината имаат најголем број активни случаи на коронавирус, веднаш зад главниот град. 

Има 25 активни кластери во Тетово и Боговиње.

Инаку, Струмица го регистрираше првиот случај на заболен од коронавирусот. Се работи за 32 годишен маж кој сам се пријавил за тестирање, откако имал симптоми. 

ГРЦИЈА ЌЕ ТЕСТИРА ТУРИСТИ ПО СЛУЧАЕН ИЗБОР 

Соседна Грција ќе ги тестира туристите по случаен избор. 

Туристичкиот период почнува на 15 јуни, датум кога може да се отворат сезонските хотели, а од 1 јули, постепено ќе започнат директните летови од странство. 

Ова го соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видео пораката до јавноста во делот посветен на туризмот, јави дописничката на МИА од Атина.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Податоците кои ги објави Евростат покажуваат дека во Европа, луѓето практикуваат учење преку онлајн курсеви со цел да го зголемат своето знаење.

Од 2010 година наваму има голем напредок на ова поле.

Да ме прашавте пред неколку месеци дали ваква пандемија може да го промени начинот на живот, сигурно ќе одговорев со не. Но, оваа пандемија покажа колку како луѓе сме мали и колку треба да бидеме внимателни кон природата. 

Ова во интервју за Фактор го говори Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП. 

Иако имаше најави дека ќе го среди хаосот со екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), државата се уште тактизира и остава ова гориво да се користи како погонско односно да се употребува како дизел. 

Владата да обезбеди директна финансиска поддршка на големите извозни компании и да им додели неповратна помош односно грантови, бараат странските инвеститори во земјава.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствена болница во земјава во која се изведуваат три типа тестови за коронавирус, вели во интервју за Фактор, Ѓун Ѓунсој, главниот извршен директор на болницата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното