30 Април, 2024
0.0289

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

Објавено во: Македонија 17 Април, 2024

Добивај вести на Viber

НЕ СТИВНУВААТ РЕАКЦИИТЕ ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека е изненаден од реакциите по објавата дека Република Северна Македонија е меѓу 17 држави кои ја коспонзорираа Резолуцијата на Обединетите нации за прогласување на 11 јули за меѓународен ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година.

Пред сѐ, рече, е изненаден од луѓе кои сметаат дека тоа влијае на односите со Србија, нагласувајќи дека е „универзална човекова должност да се осуди која било форма на геноцид, независно кои се сторителите“.

ШТРАЈКУВАА ВРАБОТЕНИТЕ ВО НАЦИОНАЛНИ ШУМИ

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) апелира менаџментот на ЈП „Национални шуми“ и Владата да не поигруваат со судбината на 1.800-те вработени во јавното претпријатие и да им обезбедат плата во спротивно најавува радикализирање на протестот и негово префрлање пред Владата.

- Денес 30 подружници од цела Република се собраа пред ЈП „Национални шуми“ да го изразат своето раководство бидејќи втор месец немаат плата. Не се проблем само платите, туку и теренскиот додаток што не е исплатен, а се тераат луѓето да одат на работа. Во меѓувреме во претпријатието има штрајк, луѓето се на своите работни места и не ги извршуваат задачите, бидејќи се гневни на менаџментот, директорот и нивните раководители, како и на сите претставници од власта зашто сите земаат за 80 отсто зголемени плати, а тие втор месец не земаат. Веќе третиот месец тече и доколку денеска има една исплатена плата повторно ќе немаат здравствен осигурување - изјави претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) Иван Пешевски на денешниот протест пред дирекцијата на ЈП „Национални шуми“ и додаде дека целиот проблем е во претставниците на власта и на менаџментот.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во изјава за Канал 5 вели дека едно е осудата на тоа што се случило во Сребреница како геноцид, тоа нема никаква врска ниту може во никој случај и на никаков начин да значи, дека таа дамка во Сребреница може да се фрли врз целиот српски народ или на Србија. 

МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ЌЕ ЈА ТУЖИ ДАНЕЛА АРСОВСКА

Министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска ќе ја тужи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако вчера изјави дека таа „не го пријавила пожарот во Универзална сала, иако знаела за тоа“.

Арсовска ќе добие кривична пријава за клевета најави министерката Костадиновска-Стојчевска, а причина за тоа се, како што денеска рече на прес-конференцијата, инсинуациите и небулозите дека „знаела за пожарот, но не пријавила веднаш“.

Арсовска вчера рече дека Костадиновска-Стојчевска пред јавноста изјавила дека добила информација дека гори Универзална сала пред 9.00 часот, а пожарот бил пријавен од случаен минувач во 9.55.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во релативно краток рок во Македонија започнаа со работа двете големи класични казина во кои рачно се делат карти со крупие. Од минатиот викенд официјално започна со работа „Адмирал Казино“ во хотелот „Лимак“ во Скопје, а од оваа недела вратите ги отвори и „Апекс“ во хотелот „Луксор“ кај граничниот премин Блаце.

Имаат ли причина за задоволство акционерите на скопската фабрика за чоколади „Европа“. Стигна одлуката на раководството што тие ја очекуваа и за која ќе треба да се гласа на Собранието на акционери кое ќе се одржи на 15 мај оваа година, а тоа е како ќе се распредели добивката остварена во минатата година.

Бригадниот генерал Рем Аминоах, поранешен висок функционер на една од двете компании, кои ја создадоа непробојната израелска „Железна купола“ (систем за противвоздушна одбрана н.з.) проценил дека за да ги запре иранските проектили „Железната купола“ потрошила до пет милијарди шекели (околу една милијарда евра)

Можеби ќе ве интересира

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

Аделина Тахири повторно во први редови на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Аделина Тахири повторно во први редови на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала

УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али