30 Април, 2024
0.1393

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Објавено во: Економија 17 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Во релативно краток рок во Македонија започнаа со работа двете големи класични казина во кои рачно се делат карти со крупие. Од минатиот викенд официјално започна со работа „Адмирал Казино“ во хотелот „Лимак“ во Скопје, а од оваа недела вратите ги отвори и „Апекс“ во хотелот „Луксор“ кај граничниот премин Блаце.

„Адмирал“ ја доби лиценцата од Владата, односно од Министерството за финансии, минатиот месец, додека од април дозвола за работа има и „Апекс“. 

„Апекс“ покрај 317-те автомати за игри на среќа и електронски рулет, има и седум маси за жива игра со рулет и осум маси за жива игра со карти. „Адмирал“  има 181 автомат за игри на среќа, пет маси за блек џек и пет маси за американски рулет.

Казината треба на буџетот да му исплатат еднократен износ за лиценцата во висина од 600.000 евра, да исплаќаат 20 отсто од разликата помеѓу уплатениот и исплатениот износ од автоматите, како и да плаќаат од 1.725 до 3.000 евра по маса за играње на месечно ниво. Плус, 3 отсто од разликата помеѓу уплатата и исплатата треба да се исплати на сметка на Министерството за здравство.

„Апекс“ е во сопственост на компаниите „Бетеилигунгск-унд Консултинг“, „Апекс Холдинг“, „Унио Бетеилигунгс Австрија“ и „Калл Максс“. „Гранд Адмирал Казино“ е основано од „ВВЦ Груп“, „Антлантис Холдинг“ и „СБА Холдинг“., но подоцна приматот го превзема добропознатиот „Новоматик“ преку „Ројал Игл“.

Новоматик преку „Макотен“ го поседува казиното „Фламинго“ на граничниот премин Богородица, како и казиното во хотелот „Мериот“ во Скопје. Од останатите популарни казина во земјата, тука е уште и „Принцес хотел и казино“ на Богородица во Гевгелија.

Овие казина, како и другите, треба да прикажат и одржуваат основна главнина од 2,5 милиони евра за да можат да работат. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи