УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала
Објавено во: Македонија 30 Април, 2024
Во групата Автокоманда еден човек објави фотографија од возач кој на улицата Лазар Поп Трајков со возило удрил жена па избегал.
Човекот кој ја објави фотографијата напиша дека го застанал кај населбата Железара и кога го прашал зошто избегал, тој му одговорил дека брзал и имал многу работа.
Жената ја немало и најверојатно заминала.
„Овој човек сабајлево удри жена која преминуваше улица кај раскрсничката кај пазарот на лазар поп трајков .излезе од кола ја баци и побегна со возилото.испеав да му го попречам патот на угорницата кај железара и кога го прашав зашто бега ми рече дека брза и имал многу работа.
Кога се вратив жената ја немаше и доколку се препознае сакам да знам дали е добро.“, стои во објавата.
Линк до објавата