14 Декември, 2025
0.4225

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во четврток во Лондон ќе биде потпишан Договорот за стратешко партнерство со Британија

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2025 22:28

Добивај вести на Viber

ВО ЧЕТВРТОК МАКЕДОНИЈА И БРИТАНИЈА ЌЕ ГО ПОТПИШАТ ДОГОВОРОТ

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и најави дека истиот Договор веќе во четврток,  ќе биде потпишан во Лондон.

Целта нa Договорот е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација и други критични сектори во Република Македонија.

ДОНЕСЕН Е ЗАКОН КОЈ ОВОЗМОЖУВА ПЕНЗИОНЕРИТЕ И СТУДЕНТИТЕ ДА МОЖАТ ДА РАБОТАТ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски соопшти на социјалните мрежи дека е изгласан законот за работно ангажирање на лица. 

 Работно ангажирано лице согласно овој закон, може да биде:

- лице кое не е во работен однос;

- вработено лице;

- самовработено лице;

-лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос;

- студенти;

- корисник на семејна и старосна пензија, со исклучок на корисници на семејна пензија по основ на неспособност за работа и самостоен живот и

- странец кој има регулиран престој согласно закон.

 МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА ЗАЕМОТ

Со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е договорена рамка од 6 милијарди евра од кои земјата ќе влече средства согласно реализацијата на проектите, а каматата по која ќе се одобрат, а се уште е во фаза на преговарање, ќе биде на ниво како и кај договорите што ги имаме со другите меѓународни институции. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју на Радио Лидер.

„Кога се договараат одредени инвестиции, најпрвин треба да се утврди рамка, односно првиот момент е рамката којашто во случајов е 6 милијарди евра, што не значи дека целосно ќе биде искористена сега и веднаш. Треба нешто да се направи за да се повлечат средствата, односно задолжувањето почнува во оној момент кога ќе почне да се плаќа.“, рече минитерката за финансии и додаде дека неоправдано е да се повлечат средства и да стојат неискористени.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Секоја година речиси 325.000 луѓе во светот се соочуваат со дијагноза меланом, најагресивниот и најсмртоносен облик на рак на кожа. 

Интересот и купувањето на станови или други типови на недвижнини во земјава во првиот квартал минимално се намалил. Последните податоци на Агенцијата за катастар на недвижнини покажуваат дека во првите три месеци биле купени или продадени помалку недвижнини, споредено со четвртиот квартал од минатата година.

Откако во Скопје црешите се продаваа по 1.200 или 1.300 денари за килограм, цена што ги шокираше граѓаните, дел од трговците, посебно во внатрешноста избегнуваат да ги продаваат.

Приходи од 115 милиони евра за три месеци донесе Билансот на успех на „Макпетрол“ за првиот квартал од годинава. Тримесечјето е успешно завршено со значајна добивка, но сепак малку намалена во однос на истиот период лани, можеби поради повисокиот раст на расходната страна.

Прилеп има 15 фирми кои лани направиле приход поголем од 5 милиони евра, а 8 меѓу нив се компании кои имале приходи поголеми од 10 милиони евра. Заедничко за сите е што оствариле добивка од работењето во 2024 година.

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина