14 Декември, 2025
0.0420

КОЈА ГОЛЕМА КОМПАНИЈА ИМ ИСПЛАТИ 7,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПЛАТИ НА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ - за 10 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година

Објавено во: Економија 20 Мај, 2025 08:00

Добивај вести на Viber

Приходи од 115 милиони евра за три месеци донесе Билансот на успех на „Макпетрол“ за првиот квартал од годинава. Тримесечјето е успешно завршено со значајна добивка, но сепак малку намалена во однос на истиот период лани, можеби поради повисокиот раст на расходната страна.

Како и да е, најголемата нафтена компанија во земјава може да се пофали дека зад себе има повеќе од солиден финансиски резултат во својотг биланс на успех, односно чист профит од 2,1 милиони евра за само три месеци. 

Бројките говорат дека за периодот од јануари до јуни годинава „Макпетрол“ успеал да инкасира приходи од дури 115 милиони евра. Значи, бизнисот одел одлично, бидејќи приходите бележат зголемување, и тоа за 5 отсто во однос на истиот период минатата година.

Се разбира дека најголемиот дел од приходите се должат на приходи од продажба, на кои отпаѓаат дури 114,6 милиони евра, што е исто така зголемување за 5 проценти во однос на истиот период од минатата година.

Продажбите на домашниот пазар на компанијата и донеле најголеми пари, односно дури 113 милиони евра, односно исто така повеќе за пет проценти во однос на истиот период минатата година.

Додека, пак, приходите остварени од продажбите на странските пазари се навистина многу пониски од оние направени дома, и во првите три месеци од годинава изнесувале 1,7 милиони евра, но во однос на истото тримесечје од минатата година, зголемувањето е за фантастични 49 проценти.

Каде најмногу се трошеле средства?

Најголемиот нафтен дистрибутер во земјава во периодот од јануари заклучно со март потрошил сума од речиси 113 милиони евра, или прецизно 112,8 милиони евра, што е зголемување за шест проценти. Значи, малку повеќе пораснале расходите во однос на приходите, па тоа прави и малку да е намалена нето добивката за првите три месеци од годинава.

Најголемиот трошок секако дека е набавната вредност на трговските стоки, за кои се платени 99 милиони евра, и таму зголемувањето е исто така за 6 проценти.

Многу помал трошок за компанијата се трошоците за суровини и други материјали, кои за три месеци изнесувале еден милион евра, а зголемувањето кај нив е за 14 отсто.

Услугите со карактер на материјалните трошци биле на сума од 2,58 милиони евра и кај нив порастот е само за 2 отсто.

А, трошок кој се зголемил позначајно, за 10 проценти, но што е единствениот трошок чиј пораст е за пофалба во една компанија, се трошоците за вработените. За нив „Макпетрол“ исплатил 7,7 милиони евра во текот на првото тримесечје од оваа година.

Голем раст од 123 проценти има кај останатите расходи од работењето, но тие се ниски како сума, од околу 640 илјади евра, што е минорно во однос на големите бројки со кои работи оваа компанија.

Сето ова довело до оперативна добивка во првиот квартал од 2,02 милиони евра, што е небитно намалување за еден отсто, а по вкалкулирањето на финансиските приходи и расходи, добивката од работењето се зголемува на 2,36 милиони евра.

На ова „Макпетрол“ платил корпоративен данок од над 300 илјади евра, по што му останал чист профит од 2,05 милиони евра, што е сепак за 7 отсто помалку во однос на истиот период од минатата година, покажува Билансот на успех на нашата најголема нафтена компанија.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото