14 Декември, 2025
0.0398

СТАНОВИТЕ ОСТАНУВААТ НАЈПРИМАМЛИВА ИНВЕСТИЦИЈА – во недвижнини инвестирани над 250 милиони евра, еве што друго се бара

Објавено во: Економија 20 Мај, 2025 07:42

Добивај вести на Viber

Интересот и купувањето на станови или други типови на недвижнини во земјава во првиот квартал минимално се намалил. Последните податоци на Агенцијата за катастар на недвижнини покажуваат дека во првите три месеци биле купени или продадени помалку недвижнини, споредено со четвртиот квартал од минатата година.

-  Во периодот јануари - март 2025 година во базата на Регистарот на цени и закупнини се внесени 8.044 трансакции, од кои 5.717 купопродажби на недвижности и 2.327 закупи на недвижен имот.

Бројот на купопродажби регистрирани во Регистарот на цени и закупнини во периодот јануари - март 2025 година во однос на периодот октомври - декември 2024 година е намален за 11 отсто, додека бројот на закупи е исто така намален за 11отсто – стои во извештајот објавен на нивната веб страна.

За споредба, може да се види дека во периодот од октомври до крајот на минатата година, биле направени вкупно 6.433 купопродажби. Тоа значи дека во текот на првите три месеци оваа година се купени 716 стана помалку.

Притоа како што е наведено во извештајот во првиот квартал од 2025 година најмногу купопродажби се регистрирани во февруари, и тоа вкупно 1.997, додека во март се регистрирани најмалку купопродажби, и тоа 1.857.

Притоа најмногу било тргувано со станови, при што биле продадени 1,947станови чија вредност достигнала 137 милиони евра, потоа најмногу се купувало и продавало земјоделско земјиште, при што биле продадени 1,935 парцели, чија вредост достигнала 19 милиони евра. И градежното земјиште било барано, при што биле продадени 719 парцели и нивната вредност достигнала 20 милиони евра.  

Вкупната вредност на истргуваните објект достигнува 251милиони евра.

Што се однесува пак до цела претходна година, односно во текот на 2024 година во нашата земја само во купопродажба на станови биле свртени над една милијарда евра. 

Што се однесува пак до закупите, вкупно 2,327 објекти се издадени под закуп, и нивната вредност достигнува 874 илјади евра. И тука има намалување на вкупниот број на станови издадени под закуп. За споредба во четвртиот квартал од минатата година вкупно 2,621 објекти биле издадени под закуп.

Што се однесува пак до објеките ставени под хипотека, според податоците на Катастрато, во превиот квартал од 2025 година се запишани товари врз недвижностите во вкупен број од 2.596 и со вкупна вредност од 384.969.557 евра.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји