14 Декември, 2025
0.0664

Фактор анализа ПРИЛЕП 2024: Снаодливи на Итар Пејо, ербапи на „Крале Марко“! Кои се прилепчаните што лани направија најголеми профити?

Објавено во: Економија, Анализа 20 Мај, 2025 14:14

Добивај вести на Viber

Прилеп има 15 фирми кои лани направиле приход поголем од 5 милиони евра, а 8 меѓу нив се компании кои имале приходи поголеми од 10 милиони евра. Заедничко за сите е што оствариле добивка од работењето во 2024 година. Клучни генератори на прилепската економија се домашно поседуваните гиганти „Витаминка“ и „Прилепска пиварница“ заедно со странските компании „Гентерм“, „Мермерен комбинат“ и „Комфи-Ангел“. Прилеп и покрај бурната транзиција останува град со силна и релативно разновидна индустрија, а покрај индустријата значајна улога во економското живеење на овој голем град игра и домашниот трговски еснаф и производителите на тутун и на храна

Градот херој, синонимот на антифастичкиот отпор во Македонија, но и на активностите на централистите на „Внатрешната“. Родниот град на великаните Ѓорче Петров и Пере Тошев, родното место на Марко Цепенков и Димитар Талев. Градот чиј непокор, хероизам и традиција се испишува уште од легендите за Крали Марко, а снаодливоста и итроманштината преку приказните за Итар Пејо. Прилеп е градот чии синоними се тутунот, мермерот, ширданот, „Златниот даб“, „Стоби Флипс“ и „Газоза“ и шегите на „чешитите“ прилепчани чиј заштитен знак беше е и ќе остане актерот Џумерко. Прилеп е град што плени со својата уникатност, гостопримливост, родољубивост.

Официјалните податоци за 2024 година од ЦРМ покажуваат дека меѓу домашно-псоедуваните фирми најголема е прилепска прехранбена индустрија „Витаминка“. Ретко кој град во земјава може да се пофали дека во локалната индустрија најголема по приходи е компанија која во целост е поседувана од домашни сопственици, во овој случај акционери меѓу кои најбројни се вработените.

За волја на вистината според остварените приходи најголема прилепска фирма, за нијанса, е странската гринфилд инвестиција „Гентерм“. Од домашно поседуваните компании лани најпрофитабилна била „Прилепска пиварница“. „Витаминка“ и натаму е број еден од домашните компании, а најголем профит традиционално носи прилепскиот мермер под закрила на грчките газди...

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји