ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сопственикот на Пуцко Петрол, Јахоски останува во притвор и покрај понудената гаранција
Објавено во: Македонија 22 Април, 2025 22:14
ЈАХОСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР
Газдата на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски останува во притвор, а 2 милиони евра не беа доволни за да излезе од Шутка.
Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Асмир Јахоски, осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот се одбива како неоснован.ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРА ПРОТЕСТИРАА, МИНИСТЕРОТ ВЕЛИ УТРЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПЛАТА
Новата пресметка на плати е најправилно решение, досегашниот начин на исплата е неодржлив, вели министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Toj се надева дека до утре до 16 часот ќе бидат исплатени платите за март за околу 3.000 вработени во секторот култура во 120 институции.
КРАЖБА ВО ДОМОТ НА ФАТМИР БИТИЌИ
За време на празниците непознати лица краделе во домот на пратеникот Фатмир Битиќи во Бутел.
На 21 април во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б. (49) од Скопје пријавил дека во периодот од 7.30 часот на 18 април до 3 часот на 21 април со употреба на сила и погоден алат е влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и се одземени пари и други предмети.РЕК БИТОЛА СЕ СПРАВУВА СО ЛЕБДЕЧКА ПЕПЕЛ
РЕК Битола ja информира јавноста дека активно работи на надминување на предизвиците со одлагањето на пепелта и ги уверува граѓаните дека квалитетот на воздухот не е нарушен. Ваквото соопштение следува по изминатите реакции во јавноста во врска со наводите за несоодветно одлагање на пепелта во РЕК Битола и неговото разнесување од ветерот.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Банката лани се стегна и оствари солидна добивка, особено ако се има предвид дека претходната 2023 година ја заврши со негативен резултат, што се смета за значаен успех, но акционерите нема да поделат дивиденда, а и не можат да го сторат тоа.Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




