14 Декември, 2025
0.0526

Директор си поднесе оставка во ЕСМ по осум месеци

Објавено во: Економија 22 Април, 2025 10:35

Добивај вести на Viber

По само осум месеци работа на новото директорско место, Државни електрани на Македонија остана без еден од седумте директори како членови на Управниот одбор. Формално е објавено дека Ѓорѓи Ѓорѓиевски повеќе не е директор за правни и општи работи во АД ЕСМ, а неговото име е избришано од одборот на раководители во најголемата енергетска компанија во земјата.

Станува збор за дипломиран правник кој претходно беше еден од најекспонираните советници во општина Битола и избирачки делегат на ВМРО-ДПМНЕ. Неофицијално, како што дознава „Фактор“, битолчанецот сам ја поднел оставката од лични причини.

Под надлежностите што ги имаше Ѓорѓиевски, освен правното застапување на друштвото пред судовите и другите државни органи, неговиот сектор вообичаено покрива следење и примена на законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки, користење на опремата и одржување на имотот, документираниот материјал и архивското работење.

Ѓорѓиевски беше назначен на оваа функција во август минатата година, заедно со Лaзо Узунчев како нов претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).Членови на новиот Управен одбор на компанијата во државна сопственост истовремено станаа и Реџеп Асани како заменик-генерален директор, како и членовите Ѓорѓи Ѓорѓиевски - директор за правни и општи работи, Зоран Коњановски - директор на производство, Виктор Јовановски - директор за комерцијални работи, Иван Стојановски- директор за финансиски работи и Владимир Пејоски- директор на развој и инвестиции.

„Меѓу целите на новото раководство се оптимизација на трошоците, реализација на развојни проекти со цел АД ЕСМ да стане компетитивна компанија која ќе ги задоволи потребите од електрична енергија за крајните потрошувачи, притоа професионално прилагодувајќи се на условите на пазарот и строгите барања за чиста животна средина“, соопшти тогаш Владата за новиот состав на УО на АД ЕСМ.

Засега нема новоименувана замена за Ѓорѓиевски на директорската позиција за правни и општи работи во ЕСМ. Од минатата година новата власт ги промени и раководствата на подружниците на ЕСМ како што се РЕК Битола и РЕК Осломеј, но и на хидроцентралите и фирмите-ќерки.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји