ЈАХОСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР: Две милиони евра не беа доволни за да излезе од Шутка

Објавено во: Македонија 22 Април, 2025 16:59
Газдата на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски останува во притвор, а 2 милиони евра не беа доволни за да излезе од Шутка.
Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Асмир Јахоски, осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот се одбива како неоснован.
„Судот, ценејќи ги сите околности поврзани со истрагата, и покрај даденото позитивно мислење на Јавниот обвинител, смета дека во овој момент сеуште постојат околностите за постоење на определената мерка притвор од точка 2 од чл. 165 ст.1 од ЗКП односно околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоците како и дека може да сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело, од причина што истражната постапка се уште е во тек и се уште се преземаат други истражни дејствија за прибирање докази. Ова дотолку повеќе што Кривичниот совет го продолжил притворот на осомничениот по доставен предлог на ОЈО ГОКК од 08.04.2025 година токму поради постоење на причините предвидени во чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 3 дена од приемот на истото“, велат од Кривичен суд.
Јахоски е во притвор како осомничен за „перење пари и други приноси од казниво дело“ во случај во кој се стекнал со значителна корист откако влегол во заедничка шема на трошење на парите од заработката на РКМ на Ратко Капушевски од продажба на мазут за време на енергетската криза.Можеби ќе ве интересира
„СОЈУЗНИК КАКО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - МНОГУ КАЖУВА ЗА ПОЗИЦИОНИРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА“: Николоски со детали за договорот
„СИСТЕМОТ УБИВА, ИНСТИТУЦИИТЕ МОЛЧАТ“: шести протест на семејствата на починатите во Кочани - „Марш за ангелите“

КОЈ ЌЕ ОСТАНЕ СО ТАРВАРИ? Алиу јавно потврди дека патот го продолжува со ВЛЕН по средбата со Курти каде беше заедно со Фетаи

УЖАСЕН НАПАД ВО ЛОНДОН: Пет лица избодени, полицијата го бара напаѓачот

ВКУПНО 60 ЛИЦА ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ - по пукањето во Прилеп се бара заштита за вработените

ЗЕМАЛ ЗАЕМ ОД 25 ИЛЈАДИ ЕВРА, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ ДВА СТАНА - тешка измама во Тетово

„ПРОЕКТ КОЈ ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА И ИЗВОЗ“ - еве ги деталите за новата фабрика на „Шахтерм“

ОСМАНИ СПОДЕЛИ УБАВИ ВЕСТИ - „Горд сум на ова достигнување, но уште повеќе на посветеноста“
„НИТУ ЕДНА СИЛА НЕ МОЖЕ ДА ЈА СОПРЕ ОВАА РЕАЛНОСТ“: Ахмети со порака до премиерот 'ние на бараме Голема Албанија, туку Европа без граници“
