18 Мај, 2025
0.0328

РЕК Битола се справува со лебдечката пепел, ќе вклучи и водени топови

Објавено во: Македонија 22 Април, 2025 14:57

Добивај вести на Viber

РЕК Битола ja информира јавноста дека активно работи на надминување на предизвиците со одлагањето на пепелта и ги уверува граѓаните дека квалитетот на воздухот не е нарушен. Ваквото соопштение следува по изминатите реакции во јавноста во врска со наводите за несоодветно одлагање на пепелта во РЕК Битола и неговото разнесување од ветерот.

„Иако присуството на прашина при поинтензивен ветер е позната појава во изминатите децении поради специфичниот процес на производство, транспортот и одлагањето на пепелта преку 3,7 километарска лента, РЕК Битола активно работи на нејзино минимизирање. Пепелта, како нуспроизвод од производството на електрична енергија, се третира со континуирано навлажнување, проследено со одлагање и засипување со земја. Сепак, високите температури и ветерот може да доведат до сушење на површинскиот слој и евентуално подигнување на прашина при нејзиното спуштање во касетата“, тврдат од РЕК Битола.

На 26 март 2025 година, Државниот инспекторат за животна средина изврши надзор на одлагалиштето за пепел во РЕК Битола. При увидот беше констатирано присуство на поголеми количини на пепел кои отстапуваат од пропишаните во Главниот рударски проект, за што беше издадено задолжение во рок од 30 дена количините да бидат соодветно одложени и посипани со земја. 

„Инспекторатот не изрече санкции, што укажува на препознавање на напорите на комбинатот за решавање на ова прашање. Со задоволство информираме дека денес, на одлагалиштето кое беше предмет на инспекцискиот надзор, нема ниту еден грам пепел. Целата количина е одложена, а теренот е целосно посипан со земја.
Во насока на долгорочно решение, веќе е извршено планирање и поместување на транспортната лента, со што од 25 април одлагањето на пепелта ќе продолжи директно во касета“, дополнуваат од рударско-енергетската подружница на ЕСМ.

Од таму велат дека во наредниот период водените топови за дополнително навлажнување ќе бидат ставени во функција веднаш по поместувањето на лентата, а дека дотогаш, попрскувањето на одложената пепел се врши континуирано со специјални средства и цистерна.

„Дополнително, ги споделуваме резултатите од мерењата на амбиенталниот воздух спроведени од страна на акредитираната лабораторија „Технолаб” Скопје. Согласно добиените податоци, констатирано е дека во испитуваниот период не е надмината 24-часовната гранична вредност за заштита на човековото здравје за концентрацијата на суспендирани цврсти честички ЦЧ10 (PM10), согласно Уредбата за граничните вредности за нивоата и видовите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух (Сл. весник на Р.М. бр.50/2005 и 183/2017).
Актуелното раководство на РЕК Битола е целосно посветено на справување со долгогодишните проблеми и обезбедување одржливо работење на комбинатот според највисоките еколошки стандарди. Ќе продолжиме транспарентно да ја информираме јавноста за сите наши активности во оваа насока“, уверуваат од РЕК Битола.

Можеби ќе ве интересира

Половина земја синоќа без струја поради голем дефект

Половина земја синоќа без струја поради голем дефект

„СОЈУЗНИК КАКО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - МНОГУ КАЖУВА ЗА ПОЗИЦИОНИРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА“: Николоски со детали за договорот

„СОЈУЗНИК КАКО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - МНОГУ КАЖУВА ЗА ПОЗИЦИОНИРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА“: Николоски со детали за договорот

„СИСТЕМОТ УБИВА, ИНСТИТУЦИИТЕ МОЛЧАТ“: шести протест на семејствата на починатите во Кочани - „Марш за ангелите“

„СИСТЕМОТ УБИВА, ИНСТИТУЦИИТЕ МОЛЧАТ“: шести протест на семејствата на починатите во Кочани - „Марш за ангелите“

КОЈ ЌЕ ОСТАНЕ СО ТАРВАРИ? Алиу јавно потврди дека патот го продолжува со ВЛЕН по средбата со Курти каде беше заедно со Фетаи

КОЈ ЌЕ ОСТАНЕ СО ТАРВАРИ? Алиу јавно потврди дека патот го продолжува со ВЛЕН по средбата со Курти каде беше заедно со Фетаи

УЖАСЕН НАПАД ВО ЛОНДОН: Пет лица избодени, полицијата го бара напаѓачот

УЖАСЕН НАПАД ВО ЛОНДОН: Пет лица избодени, полицијата го бара напаѓачот

ВКУПНО 60 ЛИЦА ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ - по пукањето во Прилеп се бара заштита за вработените

ВКУПНО 60 ЛИЦА ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ - по пукањето во Прилеп се бара заштита за вработените

ЗЕМАЛ ЗАЕМ ОД 25 ИЛЈАДИ ЕВРА, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ ДВА СТАНА - тешка измама во Тетово

ЗЕМАЛ ЗАЕМ ОД 25 ИЛЈАДИ ЕВРА, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ ДВА СТАНА - тешка измама во Тетово

„ПРОЕКТ КОЈ ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА И ИЗВОЗ“ - еве ги деталите за новата фабрика на „Шахтерм“

„ПРОЕКТ КОЈ ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА И ИЗВОЗ“ - еве ги деталите за новата фабрика на „Шахтерм“

ОСМАНИ СПОДЕЛИ УБАВИ ВЕСТИ - „Горд сум на ова достигнување, но уште повеќе на посветеноста“

ОСМАНИ СПОДЕЛИ УБАВИ ВЕСТИ - „Горд сум на ова достигнување, но уште повеќе на посветеноста“