08 Мај, 2024
0.0270

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се укинува полицискиот час, денес нема починати од коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

НЕМА ПОВЕЌЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Владата пресече – од полноќ нема полициски час. 

Владата го укинува ограничувањето на движењето на граѓаните и почнувајќи од полноќ, повеќе нема да има полициски час. Укината е и забраната за 100 гости на свадби и дозволени се концерти и забави. 

Одлуката е донесена по препораката на Комисијата за заразни болести, која порача дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на корона вирусот, но и со зголемувањето на бројот на вакцинирани.

ЗА 24 ЧАСА НЕМА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО ЗЕМЈАВА

Kaко што соопшти Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19 од:

• Скопје – 9

• Кичево – 5

• Куманово и Тетово – по 4

• Прилеп и Охрид – по 2

• Штип и Струмица – по 1.

Нема починати лица.

Регистрирани се 34 оздравени пациенти од:

• Скопје – 18

• Прилеп – 4

• Куманово и Тетово – по 3

• Битола – 2

• Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.

ЗАЕВ НЕ ВЕРУВА ДЕКА ДО 22 ЈУНИ ЌЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА

Немам чувство дека до 22 јуни ќе се реши проблемот со Бугарија, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање какви се неговите надежи за старт на преговорите до 22 јуни.

„Она што морам да го кажам, е дека имам чувство дека на 22 јуни нема да се реши проблемот, бидејќи Бугарија има техничка Влада и нема парламент. Но, не е невозможно да се реши. Зошто го кажувам ова, затоа што не сакам да ги дигнам очекувањата на нашите граѓани. Бидејќи реалност е дека во Бугарија има избори. Имам чувство на одговорност пред нашиот народ да кажам дека наша должност е да направиме се. И нема зијан ако направиме успех, и заклучиме отприлика договор, кој што би бил верификуван и од политичка Влада и од парламентот. Значајно е што и од македонската и бугарската страна нема дилеми за постоењето, автентичноста и потврдата за македонскиот јазик и македонскиот идентитет и тоа прашање не е на разговорите. Зборуваме за динамиката по месеци, полугодија и години, или во континуитет на сите детали од секторската соработка од делот на рамката или патната карта, за интензитетот на свикување и гледањето на историската комисија од двете страни, но секако и за креативниот дел на португалското претседателство за да може конечно претседателска Бугарија да даде пас, односно позитивен одговор на закажувањето на првата меѓувладина конференција, преку усвојувањето на преговарачката рамка“, рече Заев. 

Ова Заев го изјави по неговата средба со бугарскиот претседател Румен Радев, на НАТО Самиотот, која следуваше после средбата на Радев со нашиот претседател Стево Пендаровски.

СИЛВИЈА СТОЈАНОВСКА Е ОСУДЕНА НА ТРИ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР

Кривичниот суд ја прогласи актерката Силвија Стојановска за виновна по обвинението за транспорт на 700 килограми кокаин од Шпанија во Колумбија. Исто така, по ова обвинение е прогласен за виновен и нејзиниот партнер, Војислав Будисавјевиќ.

Кривичниот суд во Скопје за Фокус потврди дека Стојаноска е осудена на казна затвор од три години и шест месеци, а Будисавјевиќ доби затворска казна од 7 години.

Двајцата беа приведени на крајот на декември 2019.

КАЦАРСКА НАЈАВИ ДЕКА НОВИНАРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ГИ НОСАТ ТЕЛЕФОНИТЕ НА СЕДНИЦИТЕ

Новата претседателка на Уставен суд, Добрика Кацарска, дала итна наредба на новинарите повеќе да не им биде забрането да ги носат своите мобилни телефони на седниците на Уставниот суд.

Таа ова денеска го потврди за медиумите, објаснувајќи дека и таа била изненадена кога дознала дека носењето мобилни на седниците е забрането.

Таа ќе работи максимално на зголемување на транспарентноста на оваа судска институција. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Хотелиерите се надеваат дека оваа година ќе има најмалку уште една тура ваучери за туризам, затоа што сметаат дека само оние ваучери кои засега се најавени се мала помош за нив. Бараат од Владата да ја преиспита одлуката и да го зголеми бројот на ваучери. Велат дека имаат многу давачки, а плус се погодени од пандемијата. 

Има судски пресуди, но недвижностите од одземениот имот кој е стекнат со криминални активности не можат да се продадат и да се вратат парите во државниот буџет, бидејќи врз нив има хипотеки воспоставени од домашните банки.

Најбогатиот фудбалски прволигаш во земјава лани располагал со 2,5 милиони евра, а од лигата испаднаа клубови со буџети од 122.000 евра и 208.000 евра. За прво место во втората лига и влез во прва лига „Брегалница“ Штип вложи речиси половина милион евра

Од денеска стапува во сила одлуката на Владата за бесплатна патарина за српските државјани по коридорот 10. Јавното претпријатие до 15 август. до кога трае одлуката, треба да дистрибуира 200.000 М-Смарт картичките кои ќе се изработуваат сукцесивно, според утврден акциски план. 

Ковид-центрите на територијата на цела Македонија се празнат секојдневно, а приемите на пациенти поради компликации од корона вирусот се сведени на минимум. Според последните податоци од Министерството за здравство бројот на пациенти на кои им е потребно болничко лекување веќе е под 100, односно имаме само 96.

Владата ќе воведе еколошка такса за литар дизел и за бензините од 3,5 денари од 1 јули, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Станува збор за нова давачка со која практично ќе се зголеми цената на горивата за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

УБДЕУВАЛА СОГРАЃАНКА ЗА КОЈА ПАРТИЈА ДА ГЛАСА - до ОЈО пристигнале неколку пријави за неправилности на изборите

УБДЕУВАЛА СОГРАЃАНКА ЗА КОЈА ПАРТИЈА ДА ГЛАСА - до ОЈО пристигнале неколку пријави за неправилности на изборите

СКОПЈАНИ МАСОВНО ИЗЛЕГОА НА ГЛАСАЊЕ - Карпош, Аеродром и Кисела Вода се лидери, најслаби се Сарај

СКОПЈАНИ МАСОВНО ИЗЛЕГОА НА ГЛАСАЊЕ - Карпош, Аеродром и Кисела Вода се лидери, најслаби се Сарај

Таравари гласал на претседателските избори

Таравари гласал на претседателските избори

Европскиот фронт вечерва ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум, еве го ставот на ДУИ по изборите

Европскиот фронт вечерва ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум, еве го ставот на ДУИ по изборите

МАКЕДОНИЈА ДЕФИНИТИВНО ИМА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Цензусот остварен, до 18.30 е 46,37 отсто

МАКЕДОНИЈА ДЕФИНИТИВНО ИМА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Цензусот остварен, до 18.30 е 46,37 отсто

ПЕНДАРОВСКИ: Македонија и нејзините граѓани покажаа демократска зрелост

ПЕНДАРОВСКИ: Македонија и нејзините граѓани покажаа демократска зрелост

„НЕ ИМ УСПЕА ПЛАНОТ НА ДУИ ЗА БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА ПРЕТСЕДАТЕЛ“: Еве што рече Муцунски на првата прес конференција

„НЕ ИМ УСПЕА ПЛАНОТ НА ДУИ ЗА БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА ПРЕТСЕДАТЕЛ“: Еве што рече Муцунски на првата прес конференција

КУЗЕСКА ЗА БОЈКОТОТ: Секоја партија треба да одговара пред себе и граѓаните за одлуките што ги донела

КУЗЕСКА ЗА БОЈКОТОТ: Секоја партија треба да одговара пред себе и граѓаните за одлуките што ги донела

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти