05 Декември, 2025
0.0299

Хотелиерите очекуваат најмалку уште една тура ваучери

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2021 07:24

Добивај вести на Viber

Хотелиерите се надеваат дека оваа година ќе има најмалку уште една тура ваучери за туризам, затоа што сметаат дека само оние ваучери кои засега се најавени се мала помош за нив. Бараат од Владата да ја преиспита одлуката и да го зголеми бројот на ваучери. Велат дека имаат многу давачки, а плус се погодени од пандемијата. 

Од Хотелиерската асоцијација на Македонија објаснуваат дека лани ваучерите имаа вредност од 100 евра, а сега тие изнесуваат 200 евра, но ваучери ќе добијат само 1.250 граѓани со ниски примања.

„Лани искористеноста беше околу 66 отсто. Се надеваме дека оваа година ќе се доделат ваучери во повеќе наврати и дека ќе има што поголема искористеност. Доколку се слеат милион евра по пат на ваучери, ќе биде добро за хотелите“, вели Крсте Блажески, претседател на  ХОТАМ.

Хотелиерите се надеваат дека сезоната максимално ќе се искористи и дека ќе имаат туристи.

„Сега се доделуваат вкупно 1.250 ваучери, а лани ние имавме скоро 900 гости со ваучери. Ваучерите се важни за луѓето кои немаат можност да заминат на одмор, а за нас е важно да имаме гости, без разлика дали ќе бидат со ваучери, дали ќе даваме плаќање на рати и слично. Сезоната е кратка и треба да се искористи“, додаваат од хотел „Полин“ од Дојран.

Јавниот повик за доделување на ваучери ќе трае до 30 месецот и дотогаш сите граѓани кои имаат приходи пониски од 30.000 денари ќе може да се пријават и да ги искористат ваучерите најдоцна до 30 ноември годинава. Оваа мерка е со цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, да го искористат правото на годишен одмор и истовремено, да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети.

За да се аплицира потребни се повеќе документи. Апликантите треба да достават: пополнет образец за барање, потврда од работодавецот за висината на исплатена плата, извод од банка за последните три месеци и за членовите на потесното семејство доколку се вработени или добиваат пензија, извод на матична книга на родените и ред други документи. Од граѓаните имаше поплаки дека процесот за аплицирање е сложен, но надлежните соопштија дека не можат доделат ваучери без процедура.

Сања Атанасовска

foto freepik

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“