19 Април, 2024
0.0299

ИНСТИТУТОТ ЗА ТБЦ ЈА ИСПРАТИ ПОСЛЕДНАТА ПАЦИЕНТКА ХОСПИТАЛИЗИРАНА ПОРАДИ КОВИД: Директорот Сеад Зејнел ексклузивно за Фактор

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Ковид-центрите на територијата на цела Македонија се празнат секојдневно, а приемите на пациенти поради компликации од корона вирусот се сведени на минимум. Според последните податоци од Министерството за здравство бројот на пациенти на кои им е потребно болничко лекување веќе е под 100, односно имаме само 96. Во Скопје остануваат само 30 пациенти и тоа 12 во ГОБ „8 Септември“ и 18 на Клиниката за инфективни болести. Институтот за ТБЦ, пак денеска го испрати последниот пациент кој таму се третираше поради Ковид-19. Директорот на Институтот, д-р Сеад Зејнел во разговор за Фактор посочува дека зголемувањето на стапката на вакцинацијата, спречувањето на трансмисијата на вирусот, како и развојот на нови терапиии преку размена на знаења и податоци ни дава реална надеж дека ќе го видиме крајот на актуелната пандемија.

-Чуствуваме исполнетост и гордост што во време на најголемата глобална здравствена криза, коронавирусната пандемија, служевме на нашиот народ во првите редови како еден од ковид центрите во нашата земја. Од друга страна, среќни сме што го поминавме овој тежок период без поголеми проблеми по однос на нашето здравје и функционирањето на работниот процес, од кој излегуваме со поголемо искуство и подготвеност за периодот што следи. Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Скопје, се стави во служба како ковид центар на 1ви Ноември 2020 година, кога вториот бран земаше замав, како во светски рамки така и кај нас. Во текот на целиот овој седум месечен период служеше со капацитет од 56 кревети, кој во пиковите на вториот и третиот бран беше со недели исполнет до максимум. Во секој момент имаше доволно болнички кревети за згрижување на сите пациенти,  со оглед на тоа што веднаш после нашето ставање во функција како ковид центар, непосредно се пренаменија и другите клиники од интернистичкиот блок. Како што соодветниот бран земаше замав секогаш имаше спремна клиника да го прифати евентуалниот број на хоспитализации, иако бевме под притисок, немаше кризни моменти. Во постојана и интензивна комуникација со Министерството за здравство и директорите на сите ковид центри во земјата, како и службата за итна медицинска помош, секој пациент беше навремено и  непречено згрижен, вели д-р Зејнел.

Директорот Зејнел истовремено посочува дека темпото и товарот на работата биле навистина големи, но дека дефинитивно тимски успеале да се изборат со сите предизвици.

-Лекарите, сестрите и болничарите, сплотени како еден функционален тим беа на висина на задачата против сите предизвици наметнатати од ковид19. Таа сплотеност беше неопходна како никогаш порано, а јас како директор понудив блиска и отворена комуникација и непосредна достапност за мојот персонал, како би можеле на крајот од денот да овозможиме максимална грижа на нашите пациенти, појаснува д-р Зејнел. 

Во однос на неговите предвидувања за состојбата од есен, дали е можен сличен налет на вирусот каков што беше пролетва д-р Зејнел е реален оптимист во однос на периодот што следи, посочувајќи дека вакцините против-корона вирусот, нивната ефикаснот, даваат надеж дека наскоро може да го видиме крајот на епидемијата на Ковид-19.  

-Со оглед на тоа што вакцините покажаа висока ефикасност, сите идни траектории на состојбата во врска со ковид19 ќе зависат од стапката на вакцинираните адулти. Појавата на новите варијанти на коронавирусот претставува фактор кој треба да се земе во предвид кога станува збор за предвидувањата, но пак ќе повторам дека сега ги имаме вакцините, кои со нивната ефикасност придонесуваат во спласнување на пандемијата. Зголемувањето на стапката на вакцинацијата, спречувањето на трансмисијата на вирусот, како и развојот на нови терапиии преку размена на знаења и податоци ни дава реална надеж дека ќе го видиме крајот на актуелната пандемија, заклучува д-р Зејнел во разговорот за Фактор. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени