ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК не дошла на работа
Објавено во: Македонија 25 Април, 2025 21:43
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДКСК НЕ ДОШЛА НА РАБОТА
Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска не доаѓа на работа.
Откако обвинителството вчера објави дека ја сомничи за оддавање службена тајна, од денеска, таа не смее да има контакт со предмети, пошта и било каков документ поврзан со работењето на ДКСК. Димитровска, не се појавила на работното место.
Повеќе нема да смее да распределува и предмети, ниту да гласа на седниците на комисијата.
Сето ова ќе биде до завршување на постапката.
ПРИТВОРИ ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА АФЕРАТА СО ТУЃА НЕГА И ИНВАЛИСКИ ПЕНЗИИ
Кривичниот суд определи мерки за 23 лица во истрагата за туѓа нега и за инвалидска пензија.
Девет лица завршија во ефективен притвор, а 5 во куќен притвор во истрагата за злоупотреби при одобрување на додатоци за туѓа нега и за инвалидска пензија.
„Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кои во текот на вчерашниот ден постапуваа по предлогот на Јавниот обвинител за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против 24 лица, од кои 23 беа спроведени во судот, а едно лице сè уште не е достапно за органите на спровод, донесоа решенија за мерките: на 9 лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена, на 5 лица им определи мерка куќен притвор, а на 9 лица им определи мерки на претпазливост, односно, обврска обвинетиот да се јавува во судот или на овластено службено лице и привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова. Лицата се осомничени за повеќе кривични дела, поврзано со акцијата на ОЈО ГОКК за злоупотреби со утврдување услови за добивање парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење“, соопшти Кривичниот суд.СЕ УКИНУВААТ ВИЗИТЕ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ОАЕ
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека Обединетите Арапски Емирати донеле одлука за укинување на визите за македонските државјани за патување во таа земја.
Ова е, како што напиша премиерот, прва мерка од страна на Емиратите по еднонеделната посета на владината делегација.
„Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја!ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Селекцијата на отпадот во домот е практичен чекор со кој секој од нас може директно да придонесе кон заштита на животната средина.
Откако минатата недела се продаде блок од 4,99 од акциите, а завчера помина помал пакет од 0,35 отсто, денеска повторно се случи блок трансакција со акциите на Стопанска банка Битола.
Речиси целото производство на„Ветекс“ оди за извоз, а годинава нивниот извоз е зголемен за 11% во споредба со првите три месеци во 2024 година
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




