НОВА ПЕТОЧКА „БОМБА“ ОД СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - за пакет од 4,99 отсто платени 1,5 милиони евра, за 400 илјади повеќе од пред една недела
Објавено во: Финансии 25 Април, 2025 14:19
Откако минатата недела се продаде блок од 4,99 од акциите, а завчера помина помал пакет од 0,35 отсто, денеска повторно се случи блок трансакција со акциите на Стопанска банка Битола.
Берзата вчера попладнето извести дека се случичла блок трансакција во која повторно е продаден значаен акционерски пакет од 4,99 отсто.
Или поточно, продадена е количина од 19.501 акција, по цена од 4.714 денари за акција.
Или, купувачот на овој пакет платил 1,49 милиони евра.
Ако се има предвид дека исти таков претходен пакет беше продаден за сума од 1,07 милиони евра, што значи за 420 илјади евра помалку, се поставува прашањето што се случува со Стопанска банка Битола, односно кој ги купува акциите, а зошто и толку порасна цената на акциите на оваа банка.
Или, на претходната блок трансакција кога исто се продаде пакет од 4,99 отсто, односно точно 19.500 акции, цената на една акција беше 3.377 денари за акција, или вкупната сума на зделката беше 1,07 милиони евра.
Во меѓувреме, односно завчера, се продаде количина од 1.366 акции, по цена од 3.500 денари за акција, што значи дека имаме нов раст.За во текот на вчерашниот ден, цената по која се купија и продадоа 19.501 акција, односно за една повеќе од претходниот поголем блок, да изнесува дури 4.714 денари по акција.
На редовниот пазар завчера цената изнесувала 3.565 денари за акција, и таму цената исто така покажува раст во последниов период. Вчера немало тргување со акциите на поваа банка.
Што се случува и кој купува, а кој продава акции, засега не е познато. На ЦДХВ засега единствен акционер со над 5 отсто е Пелистерка, со 16,99 проценти. Ќе видиме дали во понеделник ќе има промени во акционерската структура на банката.
Кога Комерцијална банка објави намера за преземање на акциите заедно со проспект, беше објавена и подеталната акционерска структура на банката. Според таа структура, Трајан Маслалковски располагаше со пакет од 4,99 отсто од акциите, Тони Јосифовски имаше само една акција помалку, што исто одговараше на 4,99 отсто од акциите. Ненад Јосифовиќ располагаше со 4,93 отсто од акциите, комманијата ДПТУУ Тимох ДОО Скопје поседуваше 4,86 отсто, холдингот ОРКА, пак, поседуваше пакет олд 4,68 отсто, друштвото Нет електроникс Владимир ДООЕЛ Скопје имаше во сопственост 4,15 отсто, Скопски пазар 4,10 отсто, Бест Веј Инвестмент ДООЕЛ имаше 3,85 отсто, и акционерот Русе Иљоски поседуваше 3,67 проценти. А, според таа состојба, двајца акционери имале пакет од по 4,99 отсто, па се поставува прашањето дали можеби тие се продавачите, но се ова е во зоната на шпекулациите.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




