14 Декември, 2025
0.0470

НОВИТЕ ГАЗДИ НА ХОТЕЛИЕРСКИОТ ГИГАНТ СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ И МИРНА ТРАНЗИЦИЈА ОД ЕРАТА НА ТАНЕВСКИ - за што ќе гласаат акционерите на „Македонијатурист“

Објавено во: Економија 25 Април, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

Ако последниопв период беше бурен за некоја компанија што котира на Македонската берза, тоа секако дека е „Македонијатурист“. Таму, преку продажба и купување на акции настана целосен сопственички пресврт, откако неколку струи амбициозно купуваа акции, а продаваше дотогаш најголемиот долгогодишен акционер Доне Таневски, како и неколку други акционери од старата постава.

Сега работите околу сопственичката структура се смирени, интензивното купување на акционерските пакети е минато, а новите газди се веќе етаблирани, и тие ќе го имаат главниот збор на претстојното Собрание на акционери кое ќе се одржи на 26 мај оваа година.

Само за потсетување, како нови газди со над 5 отсто од акциите се искристализираа Скопски Пазар, кој поседува 19,73 отсто од акциите, Промедика која има 11,89 отсто, потоа М.Г Фешн со 11,26 отсто, Симеон Павлов 10,47 отсто, Чеза Комерц со 6,23 отсто или овие акционери имале вкупно 59,57 отсто од акциите. А, на крајот на минатата година и поранешниот најголем сопственик и екс претседател на НО, Доне Таневски, располагаше со 3,84 проценти од акциите.

Од она за што ќе гласаат новите акционери на 26 мај може да се заклучи дека тие планираат многу да инвестираат во хотелите на Македонијатурист, да го вратат нивниот стар сјај, но и да го изведат без „бура“ транзитот на компанијата од стариот кон новиот естаблишмент, што се гледа од предлозите да се одобри и прифати работењето на поранешниот Надзорен и Управен одбор, а кои беа под палката на семејството Таневски.

„Се одобрува Извештајот за работата на Надзорниот одбор и начинот на кој е остварен надзорот врз управувањето со Друштвото кое го врши Управниот одбор во 2024 година, колективно и од аспект на членови Доне Таневски, претседател, Верица Хаџи Василева, член, Владо Богдановски, член и Ѓорѓи Јанчевски, член... Се одобрува Извештајот за работата на Управниот одбор и начинот на кој е остварено управувањето со Македонијатурист во 2024 година, колективно и од аспект на членови и тоа Мирјана Таневска-Ефремова, претседател на Управен одбор, Зоранчо Поповски, член, Илија Тренески, член“, се вели во предлог одлуките за кои на Собранието ќе гласаат новите акционери, а штом се тие подготвени од новото раководство, не би требало да се очекуваат посериозни „чкрипења“ во нивното усвојување. При гласањето на акционерите ќе се има на увид и обемен документ за работењето на Надзорниот одбор, кој го потпишал лично Доне Таневски, и кој прецизно навел какви се активности лани имал НО, а меѓу другото, да му ги даде на увид сите записници и документи од претходното работење на новиот акционер „Скопски пазар“, кој тоа го барал од старото раководство.  

Инаку, добивката по оданочувањето на „Македонијатурист“ лани беше многу поголема од претходната 2023 година, и изнесуваше дури 2,8 милиони евра, а голем дел од оваа заработка се должи на финансиски приходи. Според предлогот за кој ќе се гласа, сите овие пари ќе се наменат за инвестиции, односно ќе одат како реинвестирана добивка, а од документите и плановите кои им се доставени на увид на аклционерите, може јасно да се види дека прецизно се наведува кој хотел како ќе се реновира.

Лани, пак, во хотелите биле вложени нешто над 700 илјади евра, и тоа најмногу од овие пари или 51,33 за хотел Карпош, а 16,99 отсто за Холидеј Ин, како и за становите на ул.Максим Горки, и тоа 14,87 отсто. Инвестиции се направени и во Хотел Белви.

„Во 2024 година најголемиот дел од инвестиционите активности се однесуваат на активностие за реновирање на Хотелот Карпош, овие активности се почнати во 2024 година и се очекува да бидат завршени во првата половина на 2025. Во рамките на Хотелот Холидеј Ин беа извршени комплетно реновирање на конференциската сала Бисер, реновирање на апартманите во Хотелот. Оваа активност се очекува да биде завршена во текот на 2025 година. Во Бест Вестерн Хотел Турист набавена е опрема за целосно реновирање на становите кои се во сопственот на Друштвото, се очекува да биде завршена во првата половина на 2025 година“, се вели во годишниот извештај.

Или прецизно, за годинава се планираат следниве инвестиции. Во Хотел Холидеј Ин реновирање на фасадата на хотелската зграда. Ова не е почнато бидејќи се уште не се добиени потребните дозволи од надлежните органи, а треба да заврши и реновирање на апартманите во рамките на хотелот. Ќе се реновираат и другите хотели, а во Хотел Бристол во тек е изработка на проекти за негово комплетно реновирање.

„Доколку се усвојат нашите предлози за измена на ДУП-от на Општина Центар, ќе се преземат соодветни активности за реконструкција или повторна доградба на хотелот“, велат од компанијата во својот извештај.

За становите се наведува дека се очекува да биде завршена инвестициската активност за комплетно реновирање, по што Друштвото ќе располага со атрактивен деловен простор во центарот на градот.

Годинава, бидејќи основната дејност на Друштвото е хотелиерство и угостителство, ќе се цели кон подобро искористување на хотелските капацитети, почитување на сите здравствени протоколи за заштита на здравјето на гостите и на вработените, намалување на непродуктивните трошоци кај објектите кај кои постои можност за тоа, ќе се делува на зголемување на остварениот промет, рационализација на трошоците и постигнување на поголема продуктивност.

Ќе се работи и на завршување на судските процеси, но и покренување на нови, за побрза наплата на побарувањата.

Акционерите ќе донесат и одлука за определување надоместоци на новите членови на НО, и тоа Горан Марковски, претседател, и членовите Горазд Поповски, Сашко Бошков и Олга Павлова. Нивните месечни паушали ќе бидат 73.000 денари за претседателот и по 61.000 денари за членовите.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји