Кое е извозното чудо од Велес? За три месеци од извоз на конци и преѓа заработи 1,8 милиони евра!
Објавено во: Економија 25 Април, 2025 08:05
Речиси целото производство на„Ветекс“ оди за извоз, а годинава нивниот извоз е зголемен за 11% во споредба со првите три месеци во 2024 година
Велешкиот производител на конци и предива, воедно единствена таква компанија во Македонија, и во првите три месеци ги израдува своите акционери. Добивката на компанијата од почетокот на јануари до крај на март изнесува речиси 100.000 евра, покажуваат официјалните неревидирани од билансот на успех достапен на веб страницата на Македонската берза.
„Ветекс“ е успешна извозна приказна, потврдува билансот. И тоа не е ништо ново. Но важно е да се истакне дека годинава во првите три месеци извозот на оваа компанија е за 11 отсто поголем од претходната година. И изнесува 1,83 милиони евра.
Иако мало и речиси занемарливо во вкупниот биланс на продажба вреди да се истакне дека „Ветекс“ ја зголемил продажбата за домашниот пазар за 73 отсто во првите три месеци оваа година. Вредноста на продажбата е 11.400 евра.
Вкупната продажба на „Ветекс“ во овој период изнесува 1,84 милиони евра и тоа е за 11 отсто подобро од истиот период лани.
Паралелно со приходите растат и трошоците на „Ветекс“ во овој анализиран период. Така неговите оперативни расходи се зголемени за 10 отсто и изнесуваат 1,74 милиони евра. Очекувано и логично во нив најголемо е учеството на ставката трошоци за суровини и за нив „Ветекс“ во првите три месеци платил 1,1 милиони евра. Втора најголема ставка се платите за вработените. Билансот покажува дека „Ветекс“ не жали пари за своите вработени. Веројатно затоа и има резултати какви што има. Трошокот за вработени во првите три месеци е за 22 отсто поголем од истиот период лани и изнесува 371.000 евра.
Оперативната добивка на друштвото е 99.000 евра за периодот јануари – март, а толку е и неговата добивка од редовно работење.
„Ветекс“ е успешна компанија која во 2024 година успеала да го зголеми приходот до 6 милиони евра, а остварила годишна добивка (по оданочување) од 300.000 евра.
„Ветекс“ е во претежна сопственост на петмина домашни физички лица, велешани. Најголем поединечен акционер е Дејан Галев кој поседува 25 отсто од акциите. Воедно е претседател на Одборот на директори.
Стоиле Митев поседува 19,8 отсто од акциите, Стефан Галев 17,6 отсто, а Ѓоре и Горан Галеви имаат по 10 отсто од гласачките права. „Ветекс“ има уште 140 мали акционери домашни физички лица кои поседуваат 15 отсто од акциите на компанијата.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




