ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пресуда за убиството на Тот, Анџело и Клементина добија по 18, а Андреј 16 години затвор

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2022
„ПАДНАА“ ПРЕСУДИ ЗА УБИСТВОТО НА ТОТ
Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска, Андреј Костовски се прогласени за виновни за убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ во скопскиот градски парк.
Ѓоргиевски е осуден на 18 години затворска казна, Левковска доби 18 години, Костовски пак доби 16 години. Во казната влегуваат и деновите минати во притвор.
Ѓоргиевски му нанел силни удари на Тот, а Левковска продолжила да го тепа, констатираше судот. Ѓоргиевски потоа не бил достапен за органите на прогонот.СПАСОВСКИ СЕ ПРОИЗНЕСЕ ЗА СИНОТ НА БУШИ
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека МВР денеска ќе излезе со, како што вели тој, факти за скандалите во кој се нашол синот на заменик-министерот Назим Буши.
Спасовски рече дека главно тоа што се пласирало во медиумите се шпекулации и дека вистинските моменти ќе ги појасни МВР.
- Одговорност ќе има за тој што направил прекршок. Тука, нема дилема, кој сака нека е. Дали е министер, дали е директор, дали е обичен граѓанин. За секој еден ако направил прекршок.
Помладиот Буши во петокот бегал од полициски патроли, а откако бил сопрен, полицајците пријавиле дека автомобилот е владин и во државна сопственост по што возачот е пуштен на Качанички пат.ЌЕ СЛЕДИ ПОЕВТИНУВАЊЕ НА НАМИРНИЦИТЕ
Од утре се очекува намалување на цените на храната.
„Јас очекувам утре сите тие производи кои се наведени во одлуката на Владата во делот за замрзнување на маржата да имаат намалување од најмалце од 10 отсто, веќе имаме кај маслото за јадење одредено намалување, утре се очекува дополнително намалување да има во делот на лебот и месните производи“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши за Тв21.ФОН ДЕР ЛАЈЕН СПОМНА ДЕКА УКРАИНЦИТЕ ИЗГУБИЛЕ 100.000 ВОЈНИЦИ
Претседателката на Европската комисија(ЕК) Урсула Фон Дер Лајен објави видео во кое говори дека Русија мора финансиски да плати за штетите што ги направи во Украина и дека е неопходен трибунал во Хаг за руската агресија.
Но, делот каде таа зборува за 100.000 загинати украински војници е исечен.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ПОТВРДЕН ПРВИОТ СЛУЧАЈ ВО СРБИЈА - паразит кој метастазира во телото и личи на канцерогено тело, еве за каква болест станува збор

ТРИ ПАТИ МЕРИ, ЕДНАШ СЕЧИ - Владата се огласи за средбата Ковачевски - Таравари, работните состаноци продолжуваат

ТАСЕВА: РЕЗУЛТАТОТ Е ЗАГРИЖУВАЧКИ, а веќе 20 години зборуваме за системска борба против корупцијата

ПОБЕДИ МАКЕДОНИЗМОТ ВО СКОПЈЕ: Лубомир Ќучуков очекува засилување на тензиите меѓу Македонија и Бугарија
Спасовски до Пандов: Постои полиција за чување на гробот на Гоце Делчев

ОСМАНИ ВО БРИСЕЛ: Еве со кои високи функционери денес има средби

Донација на Ракометната федерација за „СОС Детско село“

Ќучуков: Тоа што во Скопје грешат за историјата не значи дека ние во Софија се однесуваме паметно

Муса Џафери: Груби само се крие и се брани зад ликот на Али Ахмети
