27 Април, 2024
0.0282

Што ќе јадат затворениците во „Идризово“ за 1,1 милиони евра? На менито ќе има и млечен пудинг, овошен јогурт и 1,5 тони германски путер

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Најголемиот затвор во земјава ќе набави 13 тони компири и 8 тони грав. За затворениците ќе има и 260.000 јајца А класа, а најголема ставка е јогуртот со 80.000 евра. За 1,5 тони германски путер затворската управа ќе издвои 28.000 евра, а за пудинг 35.000 евра. Топтан за цела година тендерот за храна на затворениците вреди речиси 1,1 милиони евра

Казнено-поправниот дом „ИдИризово“, најголемиот затвор во Македонија, ќе набави храна за затворениците во вкупна вредност од 1,2 милиони евра. На листата има повеќе од 150 продукти меса, зеленчуци, овошје, маренда и други додатоци на исхраната за кои „Идризово“ избрал една од шесте понуди. Тендерот е јавен и е достапен на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/124ba6b8-e06d-437c-a800-f204e03c78c1 а добитник на набавката е скопската фирма „Фодулмак“.

Најголема поединечна ставка е трошокот за јогурт за затворениците која изнесува 80.000 евра за цела година. Меѓу највредните поединечни ставки се останатите млечни производи меѓу кои се српското сирење за 67.000 евра исто како и словенечката павлака.

Значајна ставка е и таа наменета за набавка на јајца. За нив затворот ќе издвои 41.000 евра. Сумата е наменета за набавка на 260.000 јајца од А класа.

На месното мени во затворот „Идризово“ и неговото отворено одделение во Велес ќе бидат најзастапени говедското, јунешкото и пилешкото месо. Се разбира од асортиманот на замрзнати месни обработки. За набака на говедско замрзнато месо се наменети 44.000 евра, за јунешки колбаси 33.600 евра и пилешки стек околу 32.000 евра.

На менито има и риба и тука најчесто ќе се јаде конзервирана сардина за која затворот ќе плати 27.600 евра.

Од зеленчуците главни ќе бидат гравот за 28.600 евра набавен од Киргистан и домашниот компир за 11.800 евра. Затворската управа ќе набави 13 тони компир и 8 тони грав.

За затворениците има и десерти. На германски млечен пудинг со различни ароми ќе бидат потрошени 35.000 евра, ќе се набави мешан мармалад за 14.500 евра, а управата не штеди ниту на германски путер. Ќе набави 1,5 тони за кои ќе издвои 28.000 евра од буџетот.

На лагер ќе има и овошје. Јаболка, банани, лимони, портокали па и сливи со семка. Бананите носат најголем од овошниот буџет и на нив се планирани 8.900 евра.

Од другите позначајни ставки секако тука е „неговото височество“ зејтинот т.е. маслото за јадење. За него се наменети 19.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност