28 Април, 2024
0.0259

Стратешки инвеститор требаше да донесе 184 милиони евра во Македонија, ама откажа

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

„Промарк Енерџи Дооел“ Скопје е првиот инвеститор кој беше прогласен за стратешки , а на кој во меѓувреме таквиот статус му е избришан од Владата. Ваквата одлука била донесена на владината седница на 25 ноември.

Владата „Промарк Енерџи“ го прогласи за стратешки инвеститор во последните денови од минатата година. Проектот „Фотоволтаични електрани во Јамуларци и Скандалци се со вкупен капацитет од 280 мегевати, а вредноста на инвестицијата изнесува 184 милиони евра“,соопштија од Владата.

„Со оваа одлука проектот "Фотоволтаични електрани во КО Јамуларци и КО Скандалци" на правното лице Друштво за производство и промет со електрична енергија од обновливи извори ПРОМАРК ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.1737 32/дп2, Скопје, со EMБС 7544448 и ЕДБ 4080021601592, поднесен со Барање за добивање на статyс на стратешки инвестиционен проект со бр. 02-1167/15 од 15.11.2021 година, по објавен јавен повик на 31.1.2021 гoдина, се утврдува со статус на стратешки инвестиционен проект“, гласи официјалната одлука на 28 декември 2021.

Од претходните медиумски информации, компанијата е регистирана на 20 октомври 2021 година или пред само два месеци. Основачкиот капитал изнесува минимални 5 000 евра. Газда на фирмата е едно лице, со место на живеење во Република Турција. Тој е воедно и управител на фирмата која треба да вложи 184 милиони евра во фотоволтаици. Неговото име и презиме, според податоците доставени во Централниот регистар, е Мехмет Нежат и живее во Анкара. Меѓу податоците кои ги приложил пред домашните институции е дека станува збор за дипломиран инженер архитект за индустриски дизајн.


Сите досегашни стратешки инвестиции внесени на сајтот на Владата на РСМ

На владината седница на 26 ноември донесени се три нови одлуки за прогласување на стратешки инвеститори. Тоа се проектите "Фотоволтаична централа Балдовенци" на Балкан Реневабле Инвестментс ДОО Скопје, „Ениас ветерна електрана", на Енимак ДООЕЛ Скопје и "Ски Центар Тетово Попова Шапка", на МТГМ ИНДУСТРИЈА ДООЕЛ Скопје, за која веќе е објавено во јавноста.

Барањата за „Фотоволтаична централа Балдовенци“ и „Ски Центар Тетово попова Шапка“ се поднесени во јануари годинава, додека од „Ениас ветерна електрана“ се јавиле на отворениот оглас на Владата за стратешки инвестиции во мај.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании