14 Декември, 2025
0.0694

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна постапката за изградба на споменици на Карпалак, Вејце и Љуботенски Бачила, но ќе се гради и Музеј на УЧК во Арачиново

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2023 21:25

Добивај вести на Viber

СПОМЕНИЦИ ЌЕ ИМА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ОД ВЕЈЦЕ, КАРПАЛАК, ЉУБОТЕНСКИ БАЧИЛА

Министерството за одбрана објави дека е започната постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски бачила, на Карпалак и во Вејце.

Ова го најави претходно министерката за одбрана Славјанка Петровска со претходно упатени барања до општините каде што треба да се изградат спомениците, но не наиде на позитивен одговор. Затоа, Владата на седницата во четвртокот донела заклуок местата на кои загинале македонските бранители да бидат доделени на Министерството за одбрана. Постапката е веќе започната и е во тек.

АРАЧИНОВО ПЛАНИРА ДА ГРАДИ МУЗЕЈ НА УЧК

Mузеј на УЧК ќе се гради во Арачиново.

Oва е ветувањето на градоначалникот Ридван Ибрахими. Тој во изјава за ТВ 21 вели дека изградба на музеј на УЧК во Арачиново е едно од неисполнетите ветувања.

Кажа дека допрва ќе треба да изберат локација за музејот. Веќе има неколку места како опција, од кои две се гробиштата на паднатите борци и објектот на поранешната општина.

ЈАНКУЛОСКА РАСКАЖА КАКО ГО ПОМИНУВА ВРЕМЕТО ВО ЗАТВОРОТ

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска вечерва во емисијата „360 степени“ изјави дека настојува да го зачува физичкото и психичкото здравје откако е во затвор.

Вели дека прочитала книги кои претходно немала време да ги чита.

Прочитав стручна литература, настојувам да ја одржувам интелектуалната кондиција“, рече Јанкулоска. 

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДОБИЈА ПОКАЧУВАЊЕ

Пензионерите наместо најавените 6,8 отсто добија покачување од само 5,3 отсто.

Со последното зголемување на пензиите од 5,3 отсто, оние со најниски пензии, кои во моментов изнесуваат 11.897 денари, ќе добијат дополнителни 700 денари, а пак за оние со највисока пензија од 69.803 денари, според пресметките, би добиле зголемување од околу 3.700 денари. Изминатиот период голем број пензионери излегуваа на протести со барање за линеарно зголемување.  Протести имаше во повеќе градови. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Згаснало трговското друштво Петролгас од Тетово. Оваа информација ја објави тетовскиот комбинат Тетекс преку Берзата, од каде информираа дека трговското друштво Петролгас, кое е поврзано со Тетекс, е избришано од трговскиот регистар. 

Неодамна Народна банка повторно се одлучи да ја затегне монетарната политика во земјава. Со последната одлука на НБРМ за зголемување на основната каматна стапка, сега благајничките записи се упишуваат со камата од 6,30 проценти.

Во услови на рекордни државни буџети и слаба реализација на капиталните проекти, се поставува прашањето за што всушност се трошат парите кои државата ги собира од давачките на граѓаните и компаниите.

Семеен бизнис поврзан со Миле Бошњаковски, генерален секретар и шеф на кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, ќе пушти во продажба нов алкохолен бренд кој се произведува во неговото место на потекло - Галичник.

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на нашата најголема домашна фармацевтска компанија „Алкалоид“, Живко Мукаетов, се стекнал со 200 обични акции од акционерското друштво со кое раководи.

Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија