Миле Бошњаковски, шеф на кабинетот на претседателот во претприемачки води: Ќе „произведува“ нов алкохолен бренд во Македонија
Објавено во: Економија 02 Октомври, 2023 10:03
Семеен бизнис поврзан со Миле Бошњаковски, генерален секретар и шеф на кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, ќе пушти во продажба нов алкохолен бренд кој се произведува во неговото место на потекло - Галичник.
Во текот на изминатото лето семејниот бизнис на поранешниот портпарол на Владата регистрираше две подружници - една дестилерија за алкохол во Галичник, и уште една за дистрибуција на алхолни пијалоци. За краток период семејната дестилерија на Бошњаковски го брендираше првиот производ
Сувиот џин White Ridge е првиот производ на дестилеријата „Галичник Спирит Лаб“ и замислено е да се најде на европскиот пазар како пијалок со традиционални карактеристики. Неговото рекламирање веќе е започнато на големо на социјалните мрежи, каде се најавува почетокот на продажбата.

„Дестилеријата Galichnik Spirit Lab е семеен бизнис, со две локации. Едната е во срцето на Галичник, каде се дестилираат специјалните изданија на пијалоците, а втората локација е во Скопје, каде што се наоѓа главниот магацин“, пишува на сајтот на бизнисот кој го води сопругата на Бошњаковски - Билјана Бошњаковски.
„Галичник Спирит Лаб“ под водство на Билјана Бошњаковски во текот на летото прво ја регистрираше детсилеријата како подружница, а потоа и продажната мрежа, односно магацинот, со што го најави своето производство. Компанијата најавува и други содржини за клиентите-туристи на планината Бистра од следната година.

Превземено од whiteridgegin.com
Инаку Бошњаковски во текот на 2017 беше именуван за прв портпарол на Владата при промената на власта во 2017, а потоа по победата на Пендаровски на претседателските избори, во 2019 тој беше назначен за прв човек на неговиот кабинет.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




