ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ОСНОВНАТА КАМАТА УДИРА ВРЗ ЕКОНОМИЈАТА – Експертите предупредуваат: можен е раст на невработеноста
Објавено во: Економија 02 Октомври, 2023 08:31
Неодмна Народна банка повторно се одлучи да ја затегне монетарната политика во земјава. Со последната одлука на НБРМ за зголемување на основната каматна стапка, сега благајничките записи се упишуваат со камата од 6,30 проценти.
Но, тоа и не беше единствената одлука на Советот на НБРМ, кој исто така ја зголеми каматната стапка на раположливите депозити со што каматата на депозитите преку ноќ и на седум дена сега изнесува 4,20 и 4,25 процени. По долг период на олабавување на монетарната политика, последнава година банкарите постојано ја затегнуваат истата во обид да ја зауздаат инфлацијата, која во Македонија беше и меѓу највисоките.
Економистите укажуваат дека зачудува фактот оти продолжува да се зголемува основната каматна стапка, ако се има предвид дека сега веќе инфлацијата забавува, а не забрзува како порано, што потенцираат може да биде штетно за економијата, за работата на претпријатијата и да доведе до пропаѓање на некои од нив, а со тоа и раст на невработеноста.
- Ако се има предвид дека инфлацијата забавува, а не забрзува, зачудува што Народна банка се одлучи, по седми пат оваа година, да ја зголеми каматната стапка на благајничките записи и да ја подигне на ниво на кое таа не била повеќе од една деценија. Дополнително зачудува што многу посилни економии од нашата, во контекст на забавување на инфлацијата, одлучија да ги замрзнат каматните стапки на постојното ниво наместо да продолжат со нивното зголемување. А за послаби економии, зголемувањето на каматните стапки може да биде уште поголем ризик за економските субјекти. Очигледно, Народна банка е фокусирана на што побрзо задушување на инфлацијата, но треба да има предвид дека превисоките каматни стапки може да создаде исто толку опасен економски проблем – криза – преку забавување на економската активност на претпријатијата, поради недостапност на кредити по ниски каматни стапки, а може и да доведе до банкнотирање на презадолжените претпријатија, со последица: зголемување на невработеноста – укажува Савески.
Анализа на движењето на каматата на благаничките записи покажува дека последен пат волку висока била во мај 2010 година, точно 6,24 проценти, по што почнува постепено и постојано да се намалува. На почетокот на 2020 година камата паѓа на два проценти, по што следува период на најниските камати на благајничките записи во нашата историја. Веќе во март 2021 година таа се намалува на 1,25 проценти и се задржа на таа висина една година до март 2022 година. Веќе од април 2022 година каматите почнуваат да растат секој месец некогаш за 0,25, а некогаш и до 0,75 процентни поени.
На овој линк може да го видите движењето на основната камата низ годините, од 2002 година наваму.
Поради силниот раст на основната камата, Савески за Фактор потенцира дека Народна банка не е единствената институција која е надлежна да дејствува во насока на скротување на инфлацијата.
-
Исто така, Народна банка треба да има предвид дека
не делува во вакуум и дека не е единствената институција што се бори против
инфлацијата. Тука е и Владата, која може да влијае на инфлацијата преку
замрзнување на цените и преку даночната политика, на пример преку воведување прогресивен
данок за да го намали екцесивното трошење на ултрабогатите.
Во тој контекст особено зачудува економската
логика на Народна банка која се одлучи на ново, седмо зголемување годинава
откако Владата веќе спроведе антиинфлаторна мерка, имено, замрзнување на цените
на низа прехранбени производи – посочува Савески.
Петранка Огнаноска
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




